Првиот трофеј за Челзи или петтиот за Баерн?

Денеска сите очи на светската спортска јавност, особено на фудбалската се свртени кон Минхен, каде вечерва од 20:45 часот силите ќе ги одмерат екипите на Челзи и Баерн.

За баварците вечерашното ќе биде деветто финале, во кои славеа четири пати, а Челзи во 2008 година во финалето загуби од Манчестер Јунајтед.

Аналитичарите блага предност и даваат на екипата на Баерн, но самиот факт што Челзи ја поминаа Барселона, прави на вечерашниот натпревар да бидат отворени сите опции.

Двата клуба вечерва на Алиенц Арената ќе бараат начин да ја спасат сезоната. Баерн остана без титулата во Германија, а Челзи домашното првенство го заврши на шестото место и идната сезона ќе игра во „елитното друштво“ само ако победи во финалето.

Посебни мерки за безбедност

Германската полиција со дополнителни мерки за осигурување во пресрет на финалето од ЛШ помеѓу Баерн и Челзи на стадионот Алиенц во Минхен.

За сигурноста ќе се грижат околу 2.000 полицајци на стадионот и околу него, а особено во центарот на градот.

Во Минхен се очекуваат околу 30.000 навивачи на лондонскиот клуб поради што нивото на безбедност е подигнато на највисоко ниво



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...