Португалија е добар момент да се брише срамот од Луксембург

Низ два дена собир во главниот град пред пријателските натпревари со Португалија и Ангола во Леирија, односно Есторил, македонската репрезентација главно одработува порелаксирани тренинзи во некомплетен состав. Вчера, селекторот Џон Тошак поради лошите временски услови на помошното игралиште со вештачка трева на Работнички им сервираше на репрезентативците пократок тренинг од околу 30 минути обидувајќи се да пренесе дел од сопствените тактички замисли за дуелите кои не очекуваат на крајот од овој месец.

Факт е дека во периодот кој следи за националите ќе треба пред се силно враќање од психолошки аспект, по оној срамен претходен пораз од Луксембург, но дел од пристигнатите репрезентативци веќе навестуваат позитивно расположение и можност сето тоа да се избрише на овие два следни контролни дуели.

"Натпреварот со Португалија е одличен момент да се избрише претходниот срам од Луксембург.

Нема друго, мора зад нас да го оставиме тој пораз на кој не сакаме ниту да се потсетуваме. Против Португалија и Ангола треба да покажеме дека има квалитет во оваа генерација кој може на македонскиот фудбал да му подари вистински радости. Токму резултатот против Луксембург но и фактот дека играме со една од најсилните светски селекции се повеќе од доволен мотив за вистинско надигрување со Роналдо и соиграчите", веќе континуирано стандардниот "столб" во нашата одбрана, Ванче Шиков.

Еднакво е размислувањето и на останатите репрезентативци дополнувајќи дека натпреварите со "европските Бразилци", како и со Ангола, е и еден вид создавање на слика за она што селекцијата всушност ја очекува на септемврискиот старт од квалификациите за Светското првенство 2014 во Бразил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...