На отстрел сите што плукаат по Харалампие

На тапет фудбалското трио Илчо Наумовски, Баже Илијоски и Влатко Гроздановски, кои јавно ја критикуваа работата во националната селекција, а ФФМ ќе ги казнува и сите ОФС кои покренаа иницијатива за Вонредно собрание

Што глумат службите во ФФМ!? Место да се соочат со реалноста и со вистината дека го уништија фудбалот во Македонија, од "куќата на криминалот" продолжуваат со идиотските потези. Најновиот феномен се случи во средата кога Дисциплинската комисија при ФФМ покрена постапки за казни против тројцата фудбалери Илчо Наумоски, Баже Илијоски и Влатко Гроздановски. Ова трио, кое заедно има 100 настапи за репрезентативниот дрес, јавно ја критикуваа работата во сениорската репрезентација и ги потенцираа главните проблеми кои се последица по која на репрезентацијата и се случи бродолом. Фудбалерите кои ја кажаа вистината и која на целокупната фудбалска јавност и е добро позната се соочуваат со казни од ФФМ. Само затоа што јавно го критикуваа начинот на работа на селекторите, но и федерацијата. Сите тројца јавно побараа одговори, но место тоа добија постапки за одговорност и се соочуваат со казни.

ФФМ доколку знаеше на каде тера ќе најдеше сили и ќе им одговореше на фудбалерите, но и јавноста за критериумите под кои се врши селектирање на репрезентативците. Но во таа федерација работата уште многу одамна е отидена во погрешен правец. Таму мислат дека се во некој нивни свет во кој се им е дозволено. Таму секој може да биде комесар, но сите тие се извршители на само еден човек - Харалампие Хаџи-Ристески. Се казнуваат луѓе без причини, се носат забрани, суспензии и ред други работи, а со сето тоа ние длабоко тонеме и тонеме.

Последниот потег, информацијата од Дисциплинската комисија на ФФМ, е доволен сигнал до државните институции кои треба и мора да реагираат затоа што некој си дава право да казнува лица за нивните јавни ставови искажани по медиумите. А што очекуваше Хаџи-Ристески!? Дека се ќе мине така лесно? И тој и сите негови поддржувачи се свесни дека што повеќе се глупираат тоа потешко ќе биде и за нив. Но во конкретниов случај и со најновите потези покрај државните органи за прогон кои треба да ја довршат акцијата за криминалот во ФФМ потребна е и реакција на медицинските центри. Во ФФМ има потреба од лекарска интервенција. Ова што се случува таму е невиден феномен. Секој што ќе каже нешто против фередацијата и Хаџи-Ристески веднаш е на листата на отстрел. Како тргнале луѓето кои на "монструозен" начин го умреа фудбалот во Македонија, ќе си земат за сила да воведат и смртни казни.

Но, од друга страна и за очекување е ваквата нивна реакција. Свесни се дека нивниот рок на употреба е до 23 јуни. Свесни се дека овој режим паѓа, но место сето тоа мирно да го прифатат тие продолжуваат да се глупираат, а ланивата место да удри по само 2-3 лица, ќе удри и по сите оние кои ги поддржуваат последните потези во ФФМ. Затоа смешна е и дисциплинската постапка за сите 10 ОФС кои ставија печат и побараа Вонредно собрание во ФФМ за смена на Хаџи-Ристески. Објаснувањето е толку просто - не го почитувале статутот. Ако некој треба да добие казна за злоупотреба на статутот и кршење на законите тоа е никој друг туку само и само Хаџи-Ристески. Човекот не знае на каде тера.... Да се немало ниту еден грам доблест и срам. Во чии ли само раце е овој наш фудбал!? Од сите овие потези станува јасно дека претседателот на ФФМ е во тешка заблуда. Знае и самиот што ќе му се случи во првите денови од неговата смена која ќе се случи на 23 јуни.

Дисциплинските постапки против претседателите на ОФС од Скопје, Кисела Вода, Куманово, Штип, Демир Хисар, Пробиштип, Св. Николе, Велес, Струмица и Кочани се само обид за заплашување и ништо друго. ФФМ нема моќ, а ниту сила да ги казни затоа што сите тие ОФС имаат заеднички став а нивната иницијатива ја поддржаа уште 6 ОФС па така во опозиција сега има вкупно 16 од вкупно 26 фудбалски бази.

За да бидат уште поголеми глупирањата постапки се поведени и против делегатите на Собранието Џонов и Пилешков од Штип за навреди кон фудбалските "великани" Благој Истатов, Милан Спиркоски и Томе Семенков, кои биле да "провоцираат" на дуелот Брегалница - Хоризонт. Намерите се очигледни, но времето ќе донесе и "солзи", посебно за оние кои краделе дрва или имаат проблеми со законот и државните органи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...