Силва и Ибра, сепак, во ПСЖ

Управата на Милан е комплетно подготвена да ги продаде двете ѕвезди Златан Ибрахимовиќ и Тиаго Силва во пакет во францускиот ПСЖ, откриваат италијанските медиуми. "Светците" се подготвени да ја искористат лошата финансиска ситуација во редовите на италијанскиот вицешампион, а за одличниот бразилски дефанзивец нудат 45 милиони евра додека за најдобриот стрелец во Серија "А" 20 милиони евра. Од нивната продажба Милан ќе направи профит од околу 170 милиони евра (65 милиони од отштета плус ќе спаси 105 милиони од нивните плати и бонуси).

Златан има уште две години од договорот според кој заработува по 12 милиони годишно (2+12=24) и со данок и бонуси вкупната сума што Милан треба да ја плати достигнува до 48 милиони евра. Тиаго Силва има уште пет години од договорот и заработува по шест милиони евра по сезона (5+6=30). Неговата вкупна плата со данок и бонуси го чини клубот од Милано околу 57 милиони. Кога се ќе се собере "росонерите" ќе обезбедат буџет од околу 170 милиони евра. Со тие пари ќе се затворат многу финансиски дупки, а ќе има пари и за нови фудбалери.

Во средата агентот на Златан Мино Раиола и потпретседателот на Милан Адриано Галијани имале четиричасовни разговори и истовремено му телефонирале на Златан, кој е во Шведска, да му ја соопштат новината. До петок можеби ќе се знае судбината на ѕвездата на шведскиот фудбал.

Пред еден месец Тиаго Силва постигна договор со Французите и беше пред преселба на Паркот на принцовите меѓутоа тогаш Силвио Берлускони во последен момент го стопира трансферот и му понуди на Бразилецот зголемување на платата од 4,5 на 6 милиони евра. Сега понудата на ПСЖ која сега е повисока ја менува ситуацијата (се претпоставува дека "светците" му нудат плата од 7 милиони евра годишно).

"Ќе дознаете повеќе наскоро", изјави Галијани околу евентуалната продажба и ангажманот на нови фудбалери во екипата.

Доколку дојде до продажба тогаш Милан ќе мора да прави голема реконструкција ова лето бидејќи претходно голем дел од постарата генерација го напушти клубот и тимот е осетно ослабен. Со продажба на Силва и Ибрахимовиќ Милан ќе мора бргу да излезе на трансфер пазарот и да ангажира нивни замени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...