Вардар подготвен за БАТЕ Борисов

Македонскиот фудбалски шампион Вардар ги заврши подготовките за настапот в среда во квалификациите од Лигата на шампионите против белорускиот БАТЕ Борисов.
 
- Максимално сме подготвени за натпреварите со БАТЕ Борисов. Белорускиот шампион е силен и ние го респектираме, но веруваме и во своите квалитети и се надеваме на успех. Очекувам неколкуте нови играчи во екипата да ја оправдаат довербата и со нив Вардар да го продолжи стилот на игра од минатата сезона кога изградивме победничка концепција. Секаде одиме на победа, така ќе биде и во Белорусија, изјави тренерот Илчо Ѓорѓиоски на прес-конференција во просториите на клубот.
 
Ѓорѓиоски упати комплименти за играта на белорускиот шампион.

- Не значи дека отсуството на Бага и на Брешан, едни од најдобрите играчи на БАТЕ Борисов, ќе ни ја олесни работата. Противникот има уште многу квалитетни играчи и доколку сакаме позитивен резултат ќе треба да дадеме се од себе против нивниот квалитетен тим, рече тренерот на Вардар.
 
Капитенот на „црвено-црните“ Милан Илиевски изјави дека е голема чест да се носи капитенската лента на најтрофејниот македонски тим. Тој најави огромна борба на теренот за секоја топка и во секој дуел од страна на вардаровите фудбалери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...