Вардар сам го врати БАТЕ од "мртвите"!

Во натпревар во кој Вардар ја имаше играта, го имаше резултатот и имаше во голема мера одлична можност за пласман во следната рунда натпревари во квалификациите за Лигата на шампионите, самиот дозволи да биде поразен во Борисов од фаворитот БАТЕ во 2. квалификациско коло само 60 секунди во периодот од 92. до 94. минута на судиското продолжение.

БАТЕ успеа да се врати од "мртвите" само благодарение на нашата деконцентрација во финишот, без игра стигнувајќи до победа, иако заслужи пораз, наспроти огромниот шок кој го доживеаја македонските фудбалери иако заслужија победа. Во секој случај Вардар покажа со поддршка на македонската публика може да ги елиминира Белорусите!

Низ сосема израмнетиот прв дел, прв можност да го отвори резултат имаше македонскиот шампион но по нафрлањето на Стојаковиќ ударот со глава на Таневски заврши само сантиметри покрај десниот дирек од голот на БАТЕ Борисов. Во продолжението домаќините контролирајќи го средниот ред се обидуваа единствено со удари од далечина, но сосема безопасно по голот на Костадин Захов, се до 23. минута кога наивно една несигурност можеше да ја платиме со негатива, но нигерискиот лев бек Абрахам спаси од самата гол линија. По оваа, по наша грешка создадена шанса, мудро ги пресекувавме акциите на Белорусите на средината од теренот тотално оневозможувајќи го секој нивни напад за да во крајно незгоден момент, во 41. минута по една мешаница пред голот на Захов лошо реагирајќи во одбраната дозволивме Мовзолевски, без игра, да донесе водство за белоруската екипа. Во финишот од првиот дел повторно Таневски по прекин имаше обид со глава но повторно непрецизно.

Второто полувреме стартуваше повторно шокантно за нашиот тим откако Мовзолевски изби сам пред македонскиот гол но голманот Захов на извонреден начин спаси чист погодок. И тоа беше се од "големиот" БАТЕ, барем до 90 минута. Очигледно тоа што Захов го спаси делуваше повеќе од импулсивно за црвено-црните момци кои почнаа да царуваат на теренот, контролирајќи се од играта па до резултатот. На сцена стапува играчот на натпреварот Остоја Стјепановиќ. Откако Стјепановиќ во 50. минута најпрво се обиде од далечина, потоа по една негова одлично почната акција а продолжена од Драган Георгиев, ние крунисавме гол преку Јован Костовски за израмнување во 54. минута. И осум минути потоа повторно на сцена Стјепановиќ кој луцидно постигнува вистински евро гол за водство на Вардар од 1:2 и молк на Градскиот стадион во Борисов!

По водството на нашите шампиони, фаворитот БАТЕ дополнително го снема на теренот. На средината Стојаковиќ, Ранѓеловиќ, Темелков и Стјепановиќ апсолутно ја контролираа играта на моменти поигрувајќи се со противничките фудбалери, а во одбраната Таневски и Вајс царуваа пред голот на Захов остранувајќи ја секоја опасност, за да потоа во само 60 секунди следи шок

И кога се чинеше дека БАТЕ ќе падне на својот стадион, ние сами успеавме да ги вратиме Белорусите од "мртвите". Неверојатно но само во две акции од прекини по нафрлање, Виталиј Родионов со два удари со глава, наспроти заспаноста во нашата одбрана успеа на двапати, во 92. и во 94. минута да го матира Захов за конечен триумф од 3:2.

Како и да е Вардар има резултат кој го остава во игра за реваншот. Момците мора да се вратат со подигнати глави во Скопје. Покажаа "црвено-црните" дека знаат да играат храбро, можат и да го победат и да го елиминираат БАТЕ Борисов пред преполна арена "Филип Втори" на 25. јули. БАТЕ во Скопје дефинитивно треба да падне!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...