Лоши последни 15 минути!

Металург имаше сe во своите раце на синоќешниот прв натпревар од 2. квалификациско коло во Лигата на Европа. Играше добро на теренот во полскиот Хожов, даде и гол, но и тоа не беше доволно да се дојде до добар резултат против Рух и да се зголеми шансата за поминување понатаму.

Поразот од два разлика во никој случај не е заслужен. Конфузијата во одбраната и невниманието знаеше како треба да ги казни тим од типот на Рух. Во последните 15 минути постигна три голови, и се извлече од лошата ситуација која му се закануваше во таа 70 минута кога Металург се стекна со водство. Но од постигнувањето на голот па се до крајот на натпреварот, "металурзите" не издржаа и на крајот примија три голови.

Не се исплаши од предизвикот Металург на стартот од натпреварот. Нашиот тим се надигруваше со противникот, и се обиде со кратки додавања да ја има иницијативата на теренот и да дојде до голот на Пешковиќ. Згуснатиот среден ред кој го изведе Христов даде плод. Храбро се бореа момците во "зелено" и не му дозволија на противникот да ја игра својата игра, и со тоа лесно да стигнува до голот. Сосема очекувано најопасен кај домашните беше најистурениот напаѓач Аркадиуш Пиех кој се најде во три добри шанси, а самиот го изнуди и пеналот во 41 минута. Ниту досудениот удар од белата точка не го "сруши" Металург затоа што топката удри во левиот дирек, а ниту во вториот обид Пиех не успеа да го најде патот до мрежата. Од друга страна Металург се најде во неколку полушанси по нафрлувањата од левата и десната страна, а единствената добра прилика за гол ја имаше Крстев уште во раната фаза од натпреварот кога со левата нога упати силен удар, но беше за малку непрецизен и не донесе топка во мрежата на Пешковиќ кој освен нафрлените топки од трите корнери, остана без интервенција. Кон него во првиот дел немаше директен удар кон голот од страна на "железарците".

Онака како што го заврши, така Металург и го почна вториот дел. Со истата тактика, само што на почетокот Несторовски влезе во игра за да биде нападот поубоит. По благата иницијатива на Рух, и неколкуте обиди главно со глава кои беа непрецизни, сосема неочекувано, но заслужено, студен туш за навивачите на Рух. Се играше 70. минута кога Агрон Мемеди се најде во позиција да го загрози голот, успеа во дуелот со Ставарчук да биде поитар, ја удри малку топката, таа го промени правецот и успеа од дирекот да влезе во мрежата. Големо водство на Металург во тие моменти, кое изненадувачки му даде крилја на домаќинот само да го потврди својот квалитет. Само пет минути подоцна најдобриот на теренот, и најопасниот Аркадиуш Пиех успеа со глава по асистенција на Јанковски да го најде патот до мрежата и да израмни. Чурлинов пропушти супер можност за да стрела во мрежата откако во последен момент беше изблокиран, а тоа знаеше како да го казни полскиот тим. И одново Пиех кој беше немилосрден за нашата екипа, и повторно со глава, но овој пат по асистенција на Ѓокиќ. Рух успеа да го сврти резултатот на седум минути до крајот на средбата за прв пат да се стекне до водство. Меѓутоа фудбалерите на Рух тука не застанаа. Иако имаа негатива, сепак пред крајот успеаја дури да поведат и со два разлика. И одново по нафрлена топка, одбраната не внимаваше доволно на Ставарчук кој успеа да ја казни конфузијата во дефанзивата на нашиот тим. Иако имаше негатива и можеше да биде поразен, сепак Рух уште еднаш покажа зошто е фаворит на овој дуел и зошто е голем тим. Успеа да се врати од негатива, и сега да има голема предност пред реваншот во Куманово. Сепак, шансите за Металург и натаму постојат, но сега им е потребна победа со два разлика ако сакаат да испишат нова страница од историјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...