Со ладни глави да се пречекаат Белорусите!

Оптимизмот, кој го зафати нашиот најтрофеен клуб по квалитетното спротиставување на белорускиот шампион на негов терен, вчера пренесен и во Скопје по враќањето на нашата експедиција од Минск. Сепак, наспроти тоа "вардарци" ниту сакаат, ниту смеат во нагласена еуфорија да "изгорат" онаму каде што најмалку посакуваат, пред својата публика... Токму затоа свесни се дека мора мирно да се очекува новата пресметка со БАТЕ Борисов во обидот да се стигне до целта - пласман во следната рунда европски натпревари.

"Не може така лесно да се заборави тоа што се случуваше последните две минути во Борисов. Но, професионалци сме мора да се најде начин да го оставиме зад нас и од нула со ладни глави да тргнеме во обидот за елиминација на БАТЕ затоа што веќе сега сме свесни дека може рамноправно да се надигруваме со фаворитот", вели стоперот Златко Таневски, кој потенцира дека секако во тимот мора наредниве денови да се анализираат сите грешки од првата средба со Белорусите, посебно нејасниот пад во концентрацијата во финишот од средбата.

"Секако, мора да ги согледаме сите грешки во нашите редови преку кои му се дозволи на БАТЕ да стигне до победата. Го имавме резултатот во наши раце, имавме контрола над ситуацијата за да се исчезне за само неколку секунди. Убеден сум сега дека со огромна поддршка од преполната наша 'Филип Втори' арена ќе знаеме да го надополниме тоа што ни беше одземен низ последните секунди на првата средба", дополнува Таневски.

Одличен натпревар во Борисов одигра и 22-годишниот Предраг Ранѓеловиќ кој во вистинско светло се враќа во вардаровиот состав по извесната пауза поради повредите во пролетниот дел од минатата сезона.

"Навистина е жално што доживеавме. Но, не смее тоа да не обесхрабри. Напротив, играта и начинот на кој на негов терен му се спротиставивме на противникот треба да биде уште поголем мотив сега, верувам со 30.000 навивачи на нашиот стадион, да го совладаме БАТЕ и да се пласираме во натамошната рунда европски натпревари. Според мене, факт е дека Белорусите и натаму остануваат фаворити во пресметката, но ние подобро знаеме колкави се нашите капацитети и верувајќи во себе сигурен сум дека можеме до успех", истакнува Ранѓеловиќ, кој за време на првата средба заработи и полесна повреда поради што беше веднаш земенет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...