Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо изјави дека повеќе му се допаѓа играта на асот на Барселона Лионел Меси, отколку онаа на неговиот имењак Кристијано Роналдо.
-Во моите очи Меси е пред Роналдо. Му давам предност бидејќи за нијанса е покреативен. Иако е Аргентинец и познато е дека таа земја е ривал на мојот Бразил, сепак мојот избор е Меси, изјави Роналдо за бразилските медиуми.
Тој додаде дека нема сомневање дека и Меси и Роналдо се сјајни играчи и дека им се восхитува и на двајцата.