Јаневски го објави списокот за натпреварите со Хрватска и Србија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски денеска го објави поширокиот список на фудбалери кои ќе конкурираат за настап на претстојните два квалификациски натпревари за Светското првентво 2014 година во Бразил.

Во однос на септемвриските натпревари на списокот ги нема Даниел Мојсов и Остоја Степановиќ, а покрај одбранбените играчи Бојан Марковски и Стефан Ристовски, од младата репрезентација во А селекцијата прекомандуван е и Стефан Спировски кој заедно со Драган Ѓоргиев се единствените фудбалери кои играат во домашното првенство.

Повик од македонскиот селектор добија:

Голмани: Мартин Богатинов, Томе Пачовски и Кристијан Наумовски.

Одбрана: Николче Новески, Горан Попов, Бобан Грнчаров, Ванчо Шиков, Даниел Георгиевски, Бојан Маркоски, Стефан Ристовски, Александар Лазаревски.

Среден ред: Величе Шумуликоски, Мухамед Демири, Никола Глигоров, Стефан Спировски, Дарко Тасевски.

Напад: Горан Пандев, Иван Тричковски, Ферхан Хасани, Мирко Ивановски, Стевица Ристиќ, Агим Ибраими, Драган Ѓорѓиев.

Македонија двата претстојни Мундијалски квалификациски натпревара ќе ги одигра на домашен терен на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје.

На 12 октомври гостува Хрватска, а четири дена подоцна во Скопје доаѓа Србија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...