Не ја менувај формацијата поради тоа како ќе игра Македонија

Хрватските фудбалски стручњаци се согласни дека селекторот Игор Штимац не смее да експериментира и да ја менува формација за вечерашниот дуел со Македонија во Скопје. Селекторот на "коцкестите" најави дека место вообичаената формација 4-4-2, со која играше на гостувањето во Белгија минатиот месец, вечерва, најверојатно, ќе постави игра во формација 4-2-3-1. Тоа значи дека гостите планираат на Арената "Филип Втори"да бидат само со еден класичен напаѓач. Моментно најдобриот голгетер во германската Бундес-лига, напаѓачот на Баерн Минхен, Марио Манџукиќ треба да биде главна опасност за македонскиот гол.

"Мислам дека не е коректно да се дели памет на селекторот, но кога веќе ме прашувате Хрватска нема фудбалери за да игра во формација 4-2-3-1. Погрешно е да се игра само со еден напаѓач. Кога е сам во нападот Манџукиќ не е толку опасен. Потребно му е партнер, без разлика дали тоа ќе биде Јелавиќ или Едуардо. Вториот напаѓач ќе им го одземе вниманието на стоперите и тогаш се уфрлува Манџукиќ", вели Томислав Ивковиќ, кој сега е тренер во Локомотива Загреб.

Искусниот Зоран Вулиќ смета дека не е нормално Хрватска да ја менува формација само затоа што и гостува на Македонија. Тој вели дека уште постои шанса Штимац да се премисли и место со еден, да игра стандардно со двајца класични напаѓачи.

" Не ми се допаѓа формацијата. Па веројатно нема Хрватска да се прилагодува на играта на Македонија. Треба да биде обратно. Кога се менува формацијата поради противникот, тогаш не е добро. Ние сме подобар тим од Македонија и така треба да се однесуваме во Скопје. Мораме да се наметнеме и да доминираме", е размислувањето на Вулиќ.

Поранешниот селектор на Хрватска, Златко Крањчар смета дека идејата на Штимац е да игра слично како што тоа го прави Баерн Минхен, чиј член е токму Манџукиќ.



" Ова е формација која ја игра Баерн Минхен. За ваквата поставеност е многу важно кој игра на позицијата плејмејкер. Сигурно Штимац знае зошто се решил да игра со оваа формација. Тој најдобро знае што се случувало на тренинзите и во каква форма се играчите. Знае кој најдобро може да одговори на поставените задачи во Скопје ", заклучи Крањчар, кој една година седеше и на селекторското столче на Црна Гора.

Засега селекторот Штимац не реагира на ваквите изјави од неговите колеги и оптимистички најавува победа на денешниот меч." Ние сигурно сме подобри од минатиот месец. Не ги потценуваме Македонците. Опасни се. Го имаат Пандев, но ние одиме на победа", вели Штимац, кој најавува дека очекува да се забрза протокот на топката, да играат поедноставно и да го затворат просторот на средината од теренот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...