Меси го сруши рекордот на Милер

Со двата гола постигнати синоќа на натпреварот против Бетис, аргентинскиот фудбалски интернационалец Лионел Меси и донесе победа на неговата Барселона, а воедно стигна до бројката од 86 постигнати голови во една каледнарска година со што го сруши досегашниот рекорд на Герд Милер постигнат во 1972 година кој изнесуваше 85 голови.

Меси 86.те голови ги постигна во 66 одиграни натревари, додека Германецот Милер пред 40 години одиграл шест натпревари помалку за да стигне до неговиот резултат од 85 погодоци.

По синоќешниот натпревар во Севиља со Бетис кој Барселона го доби со 2:1 Меси не му придаде поголемо значење на рекордот, туку ја нагласи важноста на победата на неговиот клуб.

- Убаво е кога се поставуваат рекорди, но поважно беше што Барселона ги освои трите бода и ја задржа предноста на врвот на табелата пред конкурентите за титулата. Нашата цел оваа сезона е освојување на Лигата на шампионите и шампионската титула во Шпанија, истакна Меси.

На другите натпревари од 15.коло во Примера постигнати се следниве резултати: Еспањол - Севиља 2:2, Сосиедад - Хетафе 1:1, Малага - Гранада 4:0, Ваљадолид - Реал Мадрид 2:3, Осасуна - Валенсија 0:1, Леванте - Мајорка 4:0, Атлетик Билбао - Селта 1:0 и Атлетико Мадрид - Ла Коруња 6:0.

Вечерва играат Рајо Ваљекано - Сарагоса.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...