Екипата на Манчестер Јунајтед, која е лидер во Премиер лигата, постигна нова победа откако попладнево на „Олд Трафорд“ го совлада Евертон со 2:0.
Головите за „црвените ѓаволи“ ги постигнаа: Рајан Гигс (13.минута) и Робин Ван Перси (45.минута) негов 19.гол во шампионатот.
На вториот натпревар денеска Астон Вила - Вест Хем 2:1.
На вчера одиграните натпревари беа постигнати овие резултати: Саутемптон – Манчестер Сити 3:1, Челзи – Виган 4:1, Стоук – Рединг 2:1, Сандерленд – Арсенал 0:1, Свонси – КПР 4:1, Норвич – Фулам 0:0 и Тотенхем - Њукасл 2:1.
Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварот Ливерпул – ВБА.
Табела: Манчестер Јунајтед 65 бода, Манчестер Сити 53, Челзи 49, Тотенхем 48, Арсенал 44, Евертон 42, Свонси 37, Ливерпул 36,...