„Ел класико“ го дава првиот финалист

Барселона има позитивни 1:1 од првиот меч во Мадрид, а вечерва ќе ја има и поддршката од домашните фанови, но Реал сигурно нема да дојде со бело знаме

Европските гиганти Барселона и Реал Мадрид вечерва на „Камп Ноу“ ќе го решат кој тим ќе игра во финалето на Купот на Шпанија. Барселона има минимална предност бидејќи по првиот меч одигран минатиот месец во Мадрид одигра нерешено 1:1, што значи дека во реваншот им одговара и реми без голови. Барселона ќе ја има и поддршката од преку 80.000 фанови кои се очекува да го исполнат до последно место најголемиот стадион во Европа.

Во пресрет на вечерашниот меч, двете екипи се намачија во првенството, но на крајот сепак победија. Барселона пред своите гледачи на полувремето губеше со 0:1 од Севиља, но на крајот славеше со 2:1. Слично беше и на гостувањето на Реал кај Ла Коруња. „Кралевите“ по првите 45 минути имаа негатива од 0:1, а на крајот сепак се израдуваа на триумф од 2:1.

БАРСА НЕ ЗНАЕ ДА СЕ БРАНИ

Според игрите и резултатите во последниов период, Барселона покажува слабост. Тимот победи само трипати во шест средби. Уште позагрижувачко е тоа што каталонскиот гигант многу лесно прима голови. На последните 11 средби барем по еднаш се тресела мрежата на фаворитот, нешто што им се нема случено дури од 1999 година. Бидејќи одбраната на Барса е нестабилна, а против себе вечерва го имаат најголемиот ривал, тие знаат дека не можат да прават тактика и да одат на меч без голови.

„Не смееме да мислиме да одиме на 0:0, туку мора да нападнеме. Мораме да ја играме нашата игра. Нема начин како да одиграме без голови. Против Реал мора да играме многу подобро“, вели најдобриот играч на Барселона Лионел Меси, кој и против Севиља ја продлжи голгетерската серија во Шпанија.

РЕАЛ САКА РЕПРИЗА ОД МЕЧОТ ВО ПРВЕНСТВОТО

Реал сезонава веќе има огромно заостанување зад Барселона во првенството и речиси е невозможно да ја одбрани титулата во Примера, што значи дека нивна шанса за нов трофеј останува Купот. Сезонава светот веќе гледаше четири дуели на овие два гиганти. Покрај првиот дуел од Купот, на отворањето на сезонава, во Суперкупот на Шпанија Барселона дома победи со 3:2, но во Мадрид беше 2:1 за Реал, па тимот од главниот град се радуваше на трофејот. Во првенството Реал остана непоразен во Барселона и одигра 2:2. Доколку успее и вечерва да го повтори истиот резултат, мадриѓани ќе се радуваат на пласман во финалето. Во последниве 20 години Реал само еднаш се има израдувано на трофеј во Купот и тоа се случи пред две сезони. Чаби Алонсо и Карем Бензема кои го пропуштија дуелот со Ла Коруња, се подготвени за денешниот меч и двајцата би требало да бидат во стартниот состав на тренерот Жозе Мурињо. Алонсо треба да им парира на Чави и на Иниеста на средината на теренот, додека Бензема заедно со Кристијано Роналдо ќе претставува најголема опасност за голот на домашните. Реал последен пат триумфално се врати од Барселона во април минатата година кога победи со 2:1 во првенството. Во последните 19 меѓусебни меча Реал има само две победи, Барселона се радуваше 10 пати, а 7 меча завршиле без победник.

Со ексклузивната можност  која ја нуди MaxTV, сите корисници кои ги немаат активирано HBO и Max Sport+ пакетите ќе ја имаат можноста 1 месец бесплатно да ги проследат најдобрите фудбалски натпревари како и најдобрите серии и филмови.  Ако по истекот на  промотивниот месецот, пакетите не се деактивираат истите ќе бидат наплатени по редовните цени.

Активирајте ги пакетите во промотивниот период кој трае до 31.3.2013, и уживајте во најдобрите филмски и спортски содржини. 
Активацијата може да ја направите преку MaxTV со избор на Мени > ТВ канали > MaxTV пакети, на бесплатниот број 122, во најблиската Телеком продавница или на интернет преку вашиот Мој Телеком.

За сите љубители на спортот, а особено на шпанската пресметка помеѓу најлутите ривали, само на MaxTV корисниците на пакетите ќе имаат можност да уживаат во реванш натпреварот од полу-финалето во Кралскиот куп. Барселона на домашен терен на Ноу Kамп ќе се обиде да го елиминира Реал Мадрид и да се пласира во финалето од Копа дел Реј.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...