Победата ни ја зголемува самодовербата

Најдобриот играч на Реал Мадрид, португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо за синоќешната победа во „Ел Класико“ вели дека е добредојдена, како поради пласманот во финалето на купот, така поради зголемувањето на сигурноста кај играчите пред реваншот од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед.

- Одигравме одличен натпревар, бевме подобри, сите си ги извршија зададените задачи на ниво, постигнавме три гола и заслужено победивме. Овој триумф не прави среќни и ни ја зголеми самодовербата, истакна Роналдо.

Тој очекува Реал да продолжи со успешните игри и во континуитет да победува.

- Очекувам да не застанеме тука. Треба на секој следен натпревар да го даваме максимумот. Што се однесува до нашата игра против Барселона, полесно е кога играме на „Камп Ноу“ отколку на наш терен, рече Кристијано.

Реал Мадрид синоќа со 3:1 на гостински терен ја победи Барселона и со вкупни 4:2 се пласира во финалето на Копа дел Реј. Кристијано Роналдо ги постигна првите два гола за Реал на синоќешниот дуел.

За амбициите на „кралскиот клуб“, Роналдо вели дека ќе се фокусираат да одиграт најдобро што можат на 5 март против Манчестер на гости во Лигата на шампионите, додека во домашните натпреварувања ќе се обидат да го освојат купот, а за титулата предност и дава на Барселона поради големата бодовна разлика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...