Фудбалерот на Барселона, Дани Алвеш беше „уловен“ во необична ситуација од камерите кои вршеа пренос на вчерашниот полу-финален натпревар помеѓу Баерн Минхен и Барселона.
Тој за време на интонирањето на химната на Лигата на шампиони беше забележан како му прави мохиканска фризура на детето кое му беше придружба при излегувањето на теренот.
Овој необичен потег на фудбалерот предизвика повеќе коментари, а видеото од тој момент стана интернет сензација по социјалните мрежи.
Баерн Минхен со 4-0 ја победи Барселона на Алијанц Арената, а денес ќе се одигра вториот полу- финален натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.
Погледнете.