Касиљас близу до Арсенал?

Капитенот на Реал Мадрид, Икер Касиљас, најверојатно, во текот на летото ќе го напушти клубот, а неговата следна дестинација би требало да биде составот на Арсенал. „Топчиите“ стануваат сè погласни во искажувањето на своите желби за засилувања за следната сезона, а на овој список прв е голманот на „кралевите“.

Венгер планира да го засили тимот за следната сезона, а за таа цел е подготвен да плати 35 милиони евра кај Реал Мадрид и да добие класа голман. Со оглед на тоа дека Икер повеќе не е број 1 во Реал, дефинитивно станува јасно дека би можел да го напушти клубот и да ја проба својата среќа и во англискиот фудбал.

Доколку Реал не ја прифати оваа понуда, во Арсенал се подготвени и да ја зголемат, а во трансферот би можел да биде вклучен и бекот Сања.

Засега ова се информации кои пристигнуваат од англиските медиуми, а ги пренесуваат и шпанските. Дали ќе дојде до ваков трансфер, останува да се види. Сепак, многу појасно ќе биде и кога ќе се знае дали и Мурињо навистина го напушта „Бернабе“ или, пак, ќе одлучи да остане. Доколку Португалецот си замине, Икер е близу до продолжување на верноста со клубот. Во спротивно Касиљас дефинитивно си оди.

И ФАБРЕГАС ПОВРЗУВАН СО АРСЕНАЛ

Покрај Касиљас, со тимот на Арсенал е поврзуван и Цеск Фабрегас. Тој никако не може да си обезбеди место во стартната постава на Барселона, па тоа може да биде причина да се врати во Англија. Сепак, ова се само шпекулации и поголема е веројатноста од Барселона во Арсенал да се пресели Давид Виља за кого исто така постои голем интерес од страна на Арсен Венгер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...