Мурињо и Фалкао во пакет се селат на „Стемфорд Бриџ“

Елиминацијата на Реал Мадрид од Лигата на шампионите само повеќе ги засили шпекулациите дека тренерот Жозе Мурињо ќе си замине од „кралскиот клуб“ на крајот од сезонава. Голем дел од светските медиуми пренесуваат дека португалскиот стратег летово повторно ќе се врати во Англија, и тоа во тимот на Челзи.

„На крајот од сезоната ќе седнеме да разговараме со претседателот на Реал Мадрид и ќе видиме што ќе се случи. Знам дека ме сакаат неколку клуба во Англија, а еден посебно се интересира за мене“, рече Мурињо, по Пировата победа на Реал против Борусија Дортмунд од 2:0 бидејќи тоа не беше доволно тимот да стигне до посакуваното финале на „Вембли“.

Иако има договор со клубот до 2016 година, Мурињо во изјавата најави дека можно е да си замине од Реал бидејќи има луѓе кои не го сакаат и почитуваат. Најтрофејниот шпански клуб трета сезона по ред губи во полуфиналето од Лигата на шампионите и остана повеќе од една деценија да чека на јубилејната 10. титула во елитното натпреварување.

Реал моментно има 11 бода помалку од Барселона во првенството, што значи дека ќе го загуби и приматот на најдобар тим во земјата. Единствената шанса за титула сезонава тимот ќе ја има во Купот на Шпанија, каде во финалето игра против градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Мурињо веќе беше дел од тимот на Челзи. Во периодот од 2004 до 2007 година го предводеше тимот од две титули во Премиер-лигата, а играше и во финалето на Лигата на шампионите, кога загуби од Манчестер Јунајтед.

Освен Мурињо, во Челзи се очекува летово да дојде и еден од најдобрите напаѓачи сезонава, Радамел Фалкао од Атлетико Мадрид. Од Челзи најавуваат дека се подготвени да понудат 50 милиони фунти за трансфер на најдобриот играч на „јорганџиите“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...