Неверојатен пресврт: Роналдо се враќа во Манчестер, Руни бара трансфер?!

Откако вчера фудбалскиот свет остана шокиран по веста дека сер. Алекс Фергусон, легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед кој неверојатни 27 години го водеше најуспешниот англиски клуб го напушта клубот, утрово британскиот весник Daily Mail извади ексклузивна вест во која вели дека Кристијано Роналдо се враќа во Јунајтед.

Англискиот медиум открива дека извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Дејвид Гил синоќа бил во Мадрид, каде се сретнал со агентот на најскапиот светски фудбалер, Роналдо, Хорхе Мендес. Информациите од Шпанија откриваат дека Англискиот шампион е уверен дека летово ќе го врати играчок кој го продаде на Реал Мадрид за рекордни 80 милиони фунти во 2009-та година, рекорд кој до денеска не е срушен.

Оваа вест може да му помогне на Дејвид Мојс, кој најверојатно ќе го наследи Фергусон на клупата на Јунајтед да ја задржи ѕвездата на шампионот, Вејн Руни, кој најверојатно побарал трансфер од клубот.

Фергусон не крие јавно дека сака да го врати Роналдо на Олд Трафорд, а сега кога тој ќе биде директор во клубот секако ќе направи сè што може за да ја врати популарната 7-ца во Манчестер.

- Јас сум во искушение да го вратам назад. Тој сè уште е класа играч, можеби најдобриот фудбалер, изјави минатиот месец Фергусон кога се сретна со Реал Мадрид во Лигата на Шампионите.

Дека сер. Алекс е во одлични односи со Роналдо говори и податокот што вчера фудбалерот на својот Twitter профил објави фотограгија и статус во кој пишуваше: „Благодарам за сè, шефе!“

- Кога дојдов во Манчестер Јунајтед Фергусон инсистираше да ја носам легендарната 7-ца на грбот. Искрено јас ја одбив, но тој ме седна и ми ја раскажа целата историја на тој број и кои сè добри фудбалери ја носеле 7-цата, почнувајќи од Џорџ Бест, Кантона, Бекам..., изјави Роналдо кој во Фергусон гледа татковска фигура и притоа не крие дека во Јунајтед бил среќен и уживал да игра за овој трофеен клуб.

Останува да видиме што ќе излезе на крај, бидејќи Роналд синоќа играше за Реал Мадрид и го постигна својот 200-ти гол за Шпанскиот гигант во победата од 6-2 против Малага.

Последните информации од островот говорат дека Јанајтед утрово издал соопштение во кое вели дека Вејн Руни нема да биде продаден...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...