Пехарот на Атлетико (М), Мурињо искучен, Роналдо поцрвене

Финалниот натпревар од годинашното издание на Купот на Шпанија, пресметката на "Сантијаго Бернабеу" помеѓу градските ривали, Реал (М) и Атлетико (М), заврши со минимален триумф на "јорганџиите" од 2:1. Кралевите го отворија резултатот со погодокот на Роналдо, а на 1:1 израмни Диего Коста. Решавачкиот погодок, постигнат во второто продолжение од по 15 минути беше дело на бразилскиот интернационалец, Миранда.

Помалку познатиот преставник на шпанската престолнина најпосле го прекина постот од 14 години без триумф над Реал (М). Освен по погодоците, финалниот дуел ќе биде запаметен и по исклучувањето на Жозе Мурињо кој се жалеше на секоја судиска одлука и по црвениот картон кој го заработи најголемата ѕвезда во дресот на Реал (М), Кристијано Роналдо. „Атлетико Мадрид не заслужи да победи. Имаа многу среќа при резултат 1-1, трипати ги погодивме рамките од голот, а имавме и две убави шанси во продолженијата. Но, сепак, не се бројат ниту шансите, не се памети ниту лошото судење, ќе остане запишано дека Атлетико го освои трофејот. Ова е најлошата сезона во мојата кариера, многу лоша и за Реал Мадрид, со само еден трофеј, а без ниту една значајна титула. Но, јас никогаш не се кријам после пораз. Сезона што за други тренери би била многу добра, за мене е очајна“, изјави Мурињо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...