Потврдено е дека Португалецот си заминува од „Сантијаго бернабе“ по завршувањето на сезоната

Реал Мадрид и Мурињо раскинаа

Она што се очекуваше, тоа и се оствари. Реал Мадрид објави дека се разделува со тренерот Жозе Мурињо по завршувањето на сезоната, поточно на 1.јуни кога „кралевите“ ќе го одиграат натпреварот од последното коло од Примера против Осасуна. Ова синоќа официјално го потврди претседателот Флорентино Перез по состанокот со Мурињо и со бордот на директори на кој дискутираа околу моменталната состојба и начинот на кој треба клубот да се развива во иднина.



„Клубот и менаџерот се согласија дека тајмингот е перфектен да се стави крај на соработката. Во името на директорите, би сакал да му се заблагодарам на Жозе Мурињо за неговата напорна работа во последните три години. Ние се согласивме на оваа одлука иако морам да признаам дека размислувавме долго време. Одлучивме да одиме со нови сили и со нови идеи. Што се однесува до идниот тренер, немаме потпишано пред-договор со никого. Тоа Реал не го прави. За таа работа ќе дискутираме наредните денови“, изјави Перез.

Првиот човек на Реал потврди и дека Мурињо нема да добие никаков надомест за напуштање на клубот иако во договорот стои дека на Португалецот треба да му бидат исплатени 17 милиони фунти во случај да биде отпуштен од работа.

Во ерата на Мурињо „Кралевите“ еднаш ја освоија Примера, и по еднаш Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија. Реал доживеа три едноподруго испаѓања од полуфиналето од Лигата на шампионите и тоа се чини дека е една од најважните причини за смена на Мурињо бидејќи кога дојде на „Сантијаго Бернабе“ трофејот во елитното клупско натпреварување беше примарна задача. Сезонава доживеа вистински дебакл во сите натпреварувања, а поразот од Атлетико во финалето на купот ја прелеа чашата на незадоволство.

Мурињо е осмиот тренер што е сменет од Флорентино Перез. Претходно отпуштени беа Дел Боске, Квеироз, Камачо, Гарсија Рамон, Луксембурго, Лопез Каро и Пелегрини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...