Слабата форма на Норвешка е нашата шанса

„Релативно кратко време сум во Норвешка, но мислам дека квалитетот на репрезентацијата им е на високо ниво, иако овие квалификации не го покажуваат целиот потенцијал“, рече членот на Бран, Даниел Мојсов

Силна репрезентација се, се најдоа во лесна група за пласман на Светското првенство 2014 во Бразил, но нашиот следен противник Норвешка има проблеми со формата. И покрај тоа што беа едни од фаворитите за пласман на собирот следната година, сепак, Норвежаните имаат само осум бодови и се наоѓаат на минус два од втората позиција и дури шест од местото број 1, кое директно носи пласман на СП.

Норвешка загуби дома од Албанија, не успеа да победи во Тирана пред неколку денови. Два триумфа, и тоа дома со Словенија, и на гости со Кипар. Освен што беа поразени од Албанија, доживеаја пораз од Исланд. Ако продолжи да игра во ваква форма, Норвешка тешко дека ќе се најде во Бразил идната година. Имаат и смена на генерации, со оглед дека еден од најдобрите играчи Џон Арне Рисе се повлече од селекцијата. Пропаднаа сите обиди да се предомисли еден од најдобрите норвешки играчи.

Ниту нашата репрезентација не може да се пофали со најдобра форма пред овој дуел. Избраниците на Јаневски имаат три порази по ред пред ова тешко гостување. Два неуспеси со Белгија во квалификациите, и еден на „тестот“ со Шведска пред неколку денови. Овој натпревар е втор од трите „контроли“ на кои треба да се подготвиме за мечевите со Велс и Шкотска во рамките од септемвриските квалификации.

ЈАСНО ДЕКА ОДИМЕ НА ТРИУМФ

Еден од оние кои најдобро треба да ја познаваат селекцијата на Норвешка е Даниел Мојсов. Иако релативно малку време е во норвешкото првенство, откако пред еден месец се пресели во редовите на Бран Берген, сепак, е запознаен со квалитетите на нашиот утрешен противник.

„Малку сум во Норвешка, речиси еден месец и мислам дека квалитетот на норвешката репрезентација е на големо ниво. Меѓутоа, овие квалификации имаат проблем и не го покажуваат целиот нивен потенцијал. Имаат играчи кои играат во најсилните лиги во светот, и тоа доволно покажува дека се добри. Можеби нивната моментална лоша форма и лоша атмосфера е нашата шанса да дојдеме до победа. Јасно ни е дека целата јавност од нас очекува победа и јасно дека одиме на триумф, и да се прикажеме во подобро светло од претходните натпревари“, рече Даниел Мојсов, кој се очекува да игра од првата минута на овој натпревар.

НОРВЕЖАНИТЕ ТЕШКО ПОБЕДУВААТ

Норвешка има репрезентација која е составена од добри играчи. Дел од нив настапуваат во топ 5 земјите од Европа, но во овие квалификации и во последно време тешко победуваат. Имаа серија од пет натпревари без победа, па по пет меча со победи, за сега одново да влезат во една мала криза каде од последните три меча имаат само едно „реми“ и дури два порази.

„Имаат смена на генерација и проблеми кои ќе ги решат затоа што имаат добри млади играчи. Како што е познато, нивната млада селекција игра на Европското првенство и ја победија Англија. Тешко доаѓаат до победите и мислам дека така ќе биде и утре, кога ние нема да им дозволиме да дојдат до триумф, туку ние ќе бидеме тие кои ќе се радуваме“, коментира стоперот на македонската селекција.

МОЈСОВ: ХУСЕКЛЕП Е МНОГУ ДОБАР ИГРАЧ

Соиграч на Даниел Мојсов од Бран е Ерик Хусеклеп. Тие ќе бидат еден против друг на утрешниот натпревар, а за него Мојсов има само пофални зборови.

„Тој е водечки напаѓач во мојот тим Бран. Многу добар играч, силен и во секој момент знае да направи вишок и сам да пројде играч. Има добра реализација. Ако игра тој во првиот тим, мислам дека треба да обрнеме внимание. Игра како крило, и лево и десно, што може да ни направи големи проблеми, ако не бидеме внимателни“, додаде Мојсов, кој за првпат ќе ги одмери силите со Норвешка, со оглед дека не беше дел ниту на оние два меча во квалификациите за пласман на СП 2010, а ниту на дуелите со младата селекција во 2007 односно 2008 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...