Сега сум „Happy One“

„Ако би морал да изберам прекар сега тоа не би било Special One, туку Happy Onе“, објасни Жозе Мурињо на денешната прес конференција по повод промоцијата за нов тренер на Челзи.

Мурињо на денешната прес конференција пред медиумите одговараше на прашањата од новинарите и објасни:

-Кога почнав да менаџирам за прв пат пред 13 години, мислев дека знам се. По 13 години, сфаќаш дека не знаеш ништо и дека треба да учиш секој ден. Но, дали имам поинаков карактер? Мислам дека не. Истиот карактер, поинаква перспектива, изјави Мурињо.

Запрашан за неговиот однос со сопственикот, Роман Абрамович, Жозе објасни дека нивната професионална верска не се распаднала во неговиот прв шрестој во клубот.
-Моето заминување беше заедничка одлука. Тоа беше тажен момент но не жалам за таа одлука, а што се однесува до прашањето дали можам да освојам повеќе трофеи сега? „Во фудбалот никогаш не се знае. Сакам да верувам дека можам, а јас секогаш верувам во мојата работа. Мојата порака до играчите е да работат напорно бидеќи клубот е многу поважен од нас индивидуите“.

На прашањето дали сега за Мурињо ќе претставува приоритет освојувањето на Лигата на шампиони или на Премиер лигата, тој одговори дека и двете титули се важни.

-Нема приоритет. Трофејот во ЛШ не е опсесија. Порано или подоцна ќе го освојам. објасни Португалецот.

Жозе Мурињо се врати по втор пат како менаџер на Челси и според новиот договор тој ќе помине 4 години на клупата во Стемфорд Бриџ.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...