Репрезентацијата решава нова „Скандинавка“

Избраниците на Јаневски одново отпатуваа во северна Европа за да одиграат уште еден пријателски меч за воигрување и темпирање на формата

Втор „скандинавски“ тест за македонската репрезентација е на ред. Селекцијата на Македонија вечерва, во 19 часот, во Осло, на стадионот „Улевал“ ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Норвешка. Вторпат за кратко време македонските „рисови“ патуваат во северна Европа, и по оној меч со Шведска пред една недела, Македонија има нов предизвик со скандинавска држава. Против Швеѓаните не минавме добро, загубивме минимално, со 1:0. Македонија ја користи паузата од квалификациите и игра пријателски средби за подобро воигрување и за темпирање на формата за септемвриските натпревари со Велс и Шкотска во Скопје. Освен овие два меча, Македонија ќе одигра и еден со Бугарија, за уште подобра подготовка за септемврискиот „пекол“ во кој ќе го избегнуваме последното место на табелата.

ЈАНЕВСКИ: ДА НЕ ГИ ПОВТОРИМЕ ГРЕШКИТЕ СО ШВЕДСКА

Македонскиот селектор Чедомир Јаневски пред денешниот пријателски натпревар со Норвешка изрази оптимизам и ги предупреди играчите да не ги повторат грешките на претходниот дуел со Шведска. Предводникот на македонскиот национален тим се надева на поволен резултат и покрај тоа што во селекцијата на „црвено-жолтите“ ќе нема неколку стандардни првотимци.

„За нас најважно е низ овие натпревари да создадеме квалитетни играчи за А репрезентацијата, но и да се обидеме да оствариме поволен резултат. Играме со квалитетен противник и овој дуел ќе биде одличен показател за потенцијалот на овој состав, кој треба да докаже дека е кадарен за големи натпревари. Во тимот има големи промени и не очекувам дека ќе добиеме автоматизам во играта. Почетокот на натпреварот за нас е многу важен. Ќе се обидеме да не ги повториме грешките кои се случуваа во првиот дел со Шведска. Секој фудбалер работи напорно, тренинзите се одработуваат според предвиденото. Сите се подготвени да ја искористат шансата, и мислам дека ќе се прикажеме во добро издание. И покрај недостигот на неколку играчи, можеби не изгледаме компактни, но работиме за да ја оствариме целта“, изјави селекторот Јаневски.

ГРНЕ ИМ ДАДЕ ГОЛ ВО 2009 ГОДИНА

Македонскиот стопер Бобан Грнчаров се очекува вечерва да игра во првите 11 за нашата селекција во Осло. Тој по добро го памети овој стадион затоа што во 2009 им даде гол на Норвежаните, но, за жал, тогаш само за ублажување на поразот во квалификацискиот натпревар кој заврши со резултат 2:1. Од тој состав освен Грнчаров, од актуелниот состав на Македонија играа и Томе Пачовски, како и Величе Шумуликоски.

„Сезоната беше напорна, но без оглед на сè имаме доволно сила и мотив да се прикажеме во позитивно издание против Норвешка. Промените во тимот, отсуството на неколку стандардни фудбалери можеби даваат слика дека шансите за позитивен резултат се мали, но сите сме мотивирани да го потврдиме спротивното, да се обидеме да функционираме како колектив и да го постигнеме резултатот кои ќе нè направи горди на себе и задоволни пред тие кои ни дале шанса за настап. Се надевам дека без оглед на тоа кој ќе истрча на терен работата ќе ја завршиме на вистински начин, посебно во дефанзивната линија. Сите се желни за докажување, тоа зборува дека сме на добар правец“, рече Грнчаров.

ЛОША ТРАДИЦИЈА ОД ОСЛО

Традицијата од гостувањата во Осло на Македонците не е добра. Сениорската селекција гостуваше во 2009 година и загуби од Норвежаните со 2:1. И младата репрезентација имаше гостување во главниот норвешки град во 2008, и одигра без голови. Немаме победа во Осло, а немаме победа воопшто во дуелите со Норвежаните во сите категории. Овој натпревар е добра можност, конечно, Македонија да победи во еден дуел со Норвежаните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...