Јаневски оптимист пред вечерашното гостување во Осло

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе одигра пријателски натпревар на гостински терен против селекцијата на Норвешка. Селекторот Чедомир Јаневски верува во позитивен резултат и прекинување на серијата од три порази по ред.

- Некои од натпреварите ги одигравме одлично, некои помалку квалитетно, но тоа е нормално за млади играчи кои сега ги имаме во репрезентацијата. Остануваме на целта која ја имаме пред секој натпревар. Оптимизам пред натпревар секогаш постои. Најважно е да создадеме квалитетни играчи за А-репрезентацијата, но и да се обидеме да оствариме позитивен резултат, изјави Јаневски пред вечерашниот дуел со Норвешка.

Тој поради отсуство на неколкумина стандардни репрезентативци шанса во првиот состав ќе им даде на останатите кои конкурираат за стартните 11.

- Во составот ни недостасуваат неколку важни фудбалери, можеби не изгледаме доволно компактни или го немаме потребниот автоматизам, но работиме за да ја оствариме целта. Да изразиме задоволство од постигнатото и да знаеме кои се играчите кои можат вистински да помогнат во квалификациските натпревари, изјави селекторот Чедомир Јаневски.

Натпреварот Норвешка - Македонија ќе се одигра на стадионот „Улевал“ во Осло, со почеток од 19 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...