Мурињо среќен во Челзи, го повикува Руни на „Стемфорд Бриџ“

Португалскиот стручњак и повратник во премиерлигашот Челзи, по неговото доаѓање во Лондон изјави дека е среќен човек и му упати покана на Вејн Руни да дојде на „Стемфорд Бриџ“ доколку сака и тој да биде среќен.

- Многу сум среќен што повторно сум дел од Челзи. При мојот прв престој во овој клуб се случија многу работи, но и сега по девет години ја имам истата страст кон фудбалот. Со сопственикот имаме исти погледи за иднината на клубот, знам дека очекувањата се големи, но верувам дека ќе ја постигнеме зацртаната цел. На тој пат во тимот ќе има место и за Вејн Руни доколку одлучи да го напушти Манчестер и доколку сака да биде среќен како мене, изјави Мурињо.

„Специјалниот“ се осврна и на изјавите на шпанскиот репрезентативец и член на Барселона, Андрес Иниеста во кои Мурињо е посочен како штетник за шпанскиот фудбал.

- Му нанесов „штета“ на шпанскиот фудбал од аспект на прекинување на доминацијата на Барселона во време кога изгледаше дека нема кој да ја спречи, му одговори на Иниеста поранешниот тренер на Реал Мадрид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...