Македонските фудбалери поразени од Норвешка

Четврти пораз во низа забележа македонската фудбалска репрезентација, откако вчера на „Улевал Стадион“ во Осло во пријателски натпревар загуби од домашната селекција на Норвешка со 2:0.

Серијата порази, Македонија ја почна во март кога двапати беше поразена од Белгија во квалификациите за СП, а пред осум дена на гости со Шведска загуби со 1:0 во пријателски натпревар.

Норвежаните головите ги постигнаа преку Пер Скјелберд во 9.мин и Даниел Братен во 80.минута.

И Македонија која на овој дуел настапи без неколкумина стандардни од првиот состав имаше свои шанси, но и во четвртата средба во серија нашите репрезентативци не успеаја да ја затресат противничката мрежа.

Во првото полувреме избраниците на селекторот Чедомир Јаневски во три наврати го загрозија противничкиот гол. Величе Шумуликоски, Иван Тричковски и Ферхан Хасани беа непрецизни.

Најубавата можност Македонците ја имаа во второто полувреме (53.минута) кога Хасани од 7-8 метри откосо ја погоди стативата, а седум минути подоцна Бобан Грнчаров беше исклучен по што значително се намалија шансите за позитивен резултат.

Ова беше трет дуел меѓу овие две репрезентации и втор неуспех за македонските играчи. На првиот натпревар во 2009 година Норвешка на домашен терен победи со 2:1, а во Скопје беше 0:0



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...