Македонскиот првак Вардар вечерва од 20 часот и 45 минути ја пречекува Стеауа во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Романскиот претставник во Скопје доаѓа со предност од 3:0 остварена на првиот дуел во Букурештт.
Другите двојки од 2.коло за денеска и резултати од првите средби се:
Шахтјор Караганди - БАТЕ (1:0),
Сутјеска - Шериф (1:1),
Хелсинки - Номе Каљу (0:0),
Даугава - Елфсборг (1:7),
Молде - Слиго Роверс (1:0),
Стрејмур - Динамо Тбилиси (1:6),
Скендербег - Нефчи (0:0),
Макаби Тел Авив - Ѓер (2:0),
Селтик - Клифтонвил (3:0),
Динамо Загреб - Фола (5:0),
Железничар - Викторија Плзењ (3:4),
Хафнарфјордур - Екранас (1:0).