Ниту малку надеж за Вардар...

Стеауа со победа и на реваншот против македонскиот првак, само ја потврди својата сила и пласманот во следната фаза. Вардар одигра нешто подобро од првиот меч во Букурешт

Не можеше Вардар и ништо друго да очекува, освен дека ќе му биде тешко и во Скопје да триумфира против Стеауа. Мисијата беше невозможна и за победа, а не да се зборува за некакво поминување во следната фаза. Романците со половина сила и без неколкумина стандардни играчи, успеаја и на реваншот да го совладаат Вардар, и само да стават „печат“ на севкупната победа. Иако гостите од Букурешт вчера имаа навидум потешка задача од онаа од првиот меч, сепак, успеаја во својата намера да победат и на реваншот. По она „бледо“ издание во Романија, нашиот првак овој пат одигра многу поорганизирано, успеа да направи и неколку добри шанси, ама сè што успеа да направи е да даде само еден гол, кој е далеку од доволен да се посакува некаков си успех против една екипа како Стеауа.

ВАРДАР ДОБРО „ОТВОРИ“

За разлика од мечот во Букурешт, кога се случуваше вистинска „канонада“ од шанси на Стеауа, реваншот во Скопје Вардар го „отвори“ со добра игра. Тактички добро поставени се надигруваа со противникот, па дури му направија и две солидни ситуации по кои, за жал, не се исполни желбата на нашиот шампион брзо да ја затресе мрежата, и да им внесе дополнителна нервоза на гостите од Романија. Меѓутоа ваквата добра игра траеше само во првите 15 минути, кога Стеауа, дојдена во Скопје да ја доврши работата, презеде сè во свои нозе.

СТЕАУА ПОЧНА ДА ИГРА И ДАДЕ ГОЛ

Следуваа минутите на романскиот шампион по кои направија неколку опасни шанси по голот на Павловиќ, а од првиот удар успеаја и да ја затресат мрежата. Несфатливо е само како Станкиу успеа да се пробие низ таа лева Вардарова страна како низ „воздух“ и само да го проигра осамениот Пиовакари кому не му беше тешко да го најде патот до голот. Водството на Стеауа значеше и крај на и оние малку надежи кои Вардар ги имаше пред мечот. Сè падна во вода. Вардар конечно во тие моменти беше елиминиран.

Прашањето околу победникот, екипата од Букурешт можеше да го реши уште во првиот дел. Осоколени од голот, Романците успеаја многу лесно да дојдат до шанси за нов погодок. Па, така во тие налети, Пиовакари со „ножички“ се обиде, а Павловиќ успеа да му одбрани. Најсериозната шанса Стеауа ја имаше преку Станкиу кој се проби низ дефанзивата на Вардар, излезе сам со Павловиќ, го лобираше и го совлада, топката удри во гредата, се одби одново до Станкиу кој со глава ја упати во празниот гол, но пожртвуваниот Вардаров голман успеа да спаси од самата гол-линија.

КОНЕЧНО!! КОСТОВСКИ

И по цели 135 минути „пост“ и неупатен ниту еден удар кон голот на Стеауа (сметајќи го тука и првиот меч во Букурешт), конечно Вардар успеа да го најде патот до мрежата. По одличната акција на средината на теренот, и центаршутот од десно на Хименез, Костовски со глава го натскока Георгиевски и успеа да стрела во горниот лев агол. Ако ништо друго, барем Вардар успеа, конечно, да го совлада Татарушану кој прими погодок од нашиот шампион по првиот обид во вкупно двата натпревара. Тоа се случуваше во последните секунди од првото полувреме.

ШАНСИ, ШАНСИ...

Вардар немаше што да загуби на овој натпревар, додека Стеауа дојде само да го потврди својот квалитет и пласманот во следната рунда. Токму оттука двата тима во вториот дел одиграа крајно отворен фудбал. Речиси како да не постоеше среден ред ниту одбрана, па сето тоа донесе и многу шанси во првите 15 минути од второто полувреме.

Прв се закани Латовлевичи во 50. минута од слободен удар, но неговиот шут под гредата Павловиќ го одбрани во корнер. Три минути подоцна Костовски со глава се обиде, а топката профуче крај дирекот. Следуваше „бомбата“ на Попа од 20 метри, која голманот на Вардар со парада ја изби во корнер.

КАДЕ Е БУРЧЕАНУ? ЕВЕ ГО, ПОГОДУВА

Во една таква отворена игра во вториот дел, се разбира, поприсебни беа гостите од Букурешт. Стеауа успеа одново да го матира нашиот шампион и тоа со погодок по една наивна грешка на одбраната. Попа ја имаше топката во нозете сосема на левата страна, и како од земја во шеснаесетникот влезе Бурчеану кој осамен од 13-14 метри успеа да го совлада немоќниот Павловиќ и да им донесе ново водство на романските шампиони. Веднаш Стеауа можеше да стигне и до два разлика, но дирекот го спаси голот на Вардар по обидот на Станкиу.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...