„Пржен Хајдук“ на менито!

Судува не ја преживеа скопската горештина... сега на ред да изгорат на „Филип Втори“ се и гостите од Сплит. Хориознот Турново на +35 ќе брка прва европска победа и пласман во третото коло од Лигата на Европа

Денес е денот кога Хоризонт Турново ќе ја продолжи својата европска приказна, а дали таа ќе биде со среќен крај или не зависи од тие пеколни 90 или нешто повеќе минути на „Филип Втори“. „Турновци“ се вистински хит во Европа, бидејќи се клуб од село што има нешто повеќе од 1.000 жители, но фудбалскиот талент не се мери со бројот на жители, големината на стадионот или буџетот. Одлучноста на избраниците на Али Ѓунеш да ѝ пркосат на Европа и на сите потценувања се покажа како вистинска формула на теренот. Ниту Хајдук, ниту кој било друг тим или медиум нема да можат да го избришат она што фудбалерите на Турново го прикажаа на досегашните три европски натпревари, а секако и она што ќе го прикажат утре.

Прва победа - нова сензација

Фудбалерите на Хоризонт Турново ги освоија симпатиите со своите игри во изминатите три меча во Лигата на Европа. Имаат успешни игри, но немаат победа. В четврток имаат нова шанса за полн погодок, со кој тимот би направил нова сензација и пласман во третото коло. Пред две недели на „Филип Втори“ изгоре Судува. Сега на пеколната скопска горештина и +35 степени се очекува тоа да му се случи и на Хајдук.

„Како за нив така и за нас. Топлото време е проблем за сите фудбалери, но ние не обрнуваме големо внимание на тој момент. Најважно е што сме комплетни. Тоа е голема предност за нашиот тим. Сè друго е споредна работа. Одиме со сите сили да победиме. Само така може да го имаме на нашето мени „Пржен Хајдук“, но по натпреварот“, најавуваат од стручниот штаб на Хоризонт Турново.

„Турновци“ едвај го чекаат реваншот

Хајдук со неимпресивна игра победи со 2:1 на првиот натпревар, а сега на нашиот тим му е потребна барем минимална победа од 1:0 за да мине во третото квалификациско коло во Лигата на Европа. Задачата нема да биде воопшто лесна, бидејќи и покрај тоа што сплитскиот тим е прилично млад и има доста квалитетни фудбалери. Но во Турново не постои никаков страв од противникот откако веќе еднаш ги одмерија силите на теренот.

„Атмосферата во нашиот тим е одлична и сите со нетрпение очекуваме да излезе на терен“, вели еден од најдобрите фудбалери во нашиот тим, Зоран Балдовалиев. „Не чувствуваме никаков страв од Хајдук. Знаеме против кого играме. Добро ги проучивме и се запознавме по првиот натпревар. Знаеме како треба да одиграме и се надевам дека ќе одиграме уште подобро на овој реванш и секако се надевам на пласман во следната рунда. Нема да тргнеме безглаво кон противничкиот гол, бидејќи мораме да внимаваме и на нашиот гол. Доколку први примиме погодок, секако задачата ќе биде многу потешка. Морам да истакнам дека ние не чувствуваме никаков притисок, бидејќи немаме што да загубиме, Хајдук нека му ја мисли“, вели напаѓачот.

Домашен производ

Хоризонт Турново е една од малкуте македонски екипи која е составена од домашни фудбалери. Во таборот на „турновци“ има само еден странец, а тоа е Мутафчински, кој ова лето дојде од Бугарија. Останатите фудбалери се од Македонија што го прави овој успех на Турново уште поголем. Во составот на Али Ѓунеш и Шефки Арифовски има плејада млади фудбалери, кои се иднината на македонскиот фудбал како што е Ѓорѓи Стоилов, кој на само 17 години игра во првиот тим, а во пенал-рулетот против Судува го шутираше и решавачкиот удар од белата точка. Поголем дел од фудбалерите на Турново освен Балдовалиев и Блажевски никогаш не играле фудбал надвор од Македонија, но секој нов натпревар во Лигата на Европа е искуство плус за овие фудбалери.

„Може да се каже дека сме неискусен тим во Европа, а тоа се виде во почетните 15 минути на ’Пољуд’, но како што одминува времето играме сè подобро. В четврток веќе ќе ни биде четврти натпревар во Европа. Јас се обидувам на секој начин да им помогнам на помладите во тимот да го пребродат стравот и тремата и мислам дека созреваме како тим од натпревар на натпревар“, истакнува Балдовалиев, кој во својата кариера играше во Бугарија, Израел, Кипар и Саудиска Арабија.

Потребен е гол на „Филип Втори“

Зоран Балдовалиев на досегашните три натпревари во Лигата на Европа постигна еден гол и тоа на гостувањето кај Судува во првото коло. Искусниот напаѓач се надева дека сега во Скопје на реваншот против Хајдук е време за нов погодок.

„Во Сплит имав добра шанса со глава, но ударот некако беше премногу млак за да го совладам противничкиот гол. Се надевам дека овој пат ќе ми се укаже нова шанса за гол, која сигурно нема да ја пропуштам. Кој не би сакал да го ’стресе’ Хајдук“, додава 30-годишниот фудбалер на Турново.

Поддршка од трибините, и тоа како е потребна

Цената на билетите за натпреварот се 100 денари за источната и западната трибина на нашиот најголем стадион, а 200 денари за северната и за јужната. Од таборот на Турново повикуваат на поголема поддршка од трибините.

„Знам дека цела Струмица се подготвува да дојде на стадион. Навистина ни треба поддршка од трибините. Сакам да упатам јавен повик до сите вистински љубители на фудбалот да дојдат на ’Филип Втори’ и да ни дадат поддршка на овој важен натпревар. Не е важно дали игра Вардар или Турново, ние сите играме за рејтингот на македонскиот фудбал“, завршува Балдовалиев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...