Хоризонт е добра екипа, но ние сме подобри

Во пресрет на денешниот реванш натпревар од 2. квалификациско коло за Лига Европа, меѓу македонскиот претсавник Хоризонт Турново и хрватскиот Хајдук, тренерот на сплитскиот клуб Игор Тудор, цени дека неговата екипа е фаворит за пласман во следната рунда.

Гостите од Сплит го одржаа и единствениот тренинг, пред кој, на средбата со новинарите тренерот на Хајдук, Тудор со голема доза на увереност говореше дека неговиот клуб не размислува за елиминација. - Лично не можам да влијаам на резултатот, но можам на моите играчи, на кои постојано им соведувам дека мора максимално да ги одиграат возвратните 90 минути доколку сакаат да ја минат екипата на Хоризонт Турново, изјави Тудор. Стратегот на Хајдук, не пропушти да упати и пофални зборови за Хоризонт, за кој смета дека има квалитетен тим, кој сепак игра премногу затворен фудбал, па од таму неговите избраници на дуелот на „Пољуд’’ не можеле докрај да ги искажат своите квалитетит. Тудор смета но, и се надева дека денес Хоризонт ќе игра понапаѓачки и поотворен фудбал, што ќе биде шанса повеќе за неговиот тим да го загрози голот на противникот. Победата од 2:1 не гарантира мирен реванш, бидејќи само еден гол во мрежата на сплитските „бјели„ многу ќе ја промени ситуацијата. - Јас никогаш не реков дека Хоризонт ќе го победиме со поголема разлика, ниту, некој од моите играчи има искажано такво нешто. Тоа се изјави и видувања на некои „стручњаци“ кои седат на трибините и мислат дека многу го познаваат фудбалот. Хоризонт е квалитетна екипа, но ние сме подобри, додаде Тудор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...