Меси, Рибери и Роналдо за трофејот

Првите ѕвезди на тимовите на Барселона, Баерн Минхен и Реал Мадрид, Меси, Рибери и Роналдо се во трка за наградата најдобар фудбалер на Европа за сезоната 2012/2013. Во изборот на УЕФА тие се најдоа на врвот, а кој ќе биде прогласен за најдобар ќе се знае на 29 август кога со гласање во живо ќе се избере играчот број 1.

Вообичаено во ова гласање учествува и „Македонски спорт“ како претставник на медиумите од Македонија, а сезонава задачата ќе биде навистина тешка. Го нема Андрес Иниеста кој требаше да ја брани наградата, а тој практично не е ниту меѓу најдобрите 10 бидејќи имаше просечна сезона со Барселона. Друштво на освојувачот на Лигата на шампионите му прават најдобрите играчи на двете најдобри екипи од Примера, па Рибери ќе има навистина жестока конкуренција.

Според она што беше постигнато во минатата сезона за очекување е Рибери да биде фаворит за титулата. Тој освои ЛШ и трофеи во Бундес-лигата и Купот на Германија што е голема предност во однос на титулата на Меси во Примера и голгетер во Ла Лига, односно ниту еден трофеј за Роналдо со Реал. Сепак, дали ова ќе има некаква улога при гласањето на 29 август останува да се види. Она што е сигурно е дека Меси, Рибери и Роналдо се пред другите и меѓу нив ќе се бира најдобриот фудбалер во Европа за сезоната 2012/2013.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...