Хамшик вреди повеќе од Бејл

Шпанецот на клупата на Наполи, Рафаел Бенитез денеска изјави дека Марек Хамшик вреди повеќе од играчот на Реал Мадрид Герет Бејл.

- Хамшик е фудбалер кој нема цена. Мислам дека тој повеќе вреди од Бејл. Дали Велшанецот навистина вреди 100 милиони евра? За секој добар играч има некој клуб кој ќе ја плати неговата барана сума. Хамшик нема цена и не е на продажба, ја пренесуваат изјавата на Бенитез италијанските медиуми.

Шпанскиот стручњак е задоволен од трансферите во неговиот клуб остварени во летниот преоден рок.

- Откако беше продаден Кавани заедно со претседателот Лаурентис ги потенциравме можните засилувања. Меѓу нив беше и Гонзало Игуаин кој подоцна стана наш играч. Лаурентис ги исполни моите желби и докажа дека има доверба во мене, нагласил Бенитез.

Наполи за кого настапува македонскиот капитен Горан Пандев по две одиграни кола во Серија А се наоѓа на врвот на табелата со шест бодови колку што имаат уште четири други екипи



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...