Јаја Туре: Црните фудбалери би можеле да го бојкотираат СП во Русија

Фудбалерот на „Манчестер Сити“, Јаја Туре се закани дека „црните фудбалери“ би можеле го бојкотираат Светското фудбалско првенство во Русија во 2018 година, доколку оваа земја не се пресмета со расизмот на нејзините фудбалски терени.

- Доколку не сме сигурни во СП 2018 во Русија, ние нема да одиме, вели овој фудбалер од средниот ред на англискиот премиерлигаш „Манчестер Сити“, кој по потекло е од Брегот на Слоновата Коска.

УЕФА покрена истрага за пријавата на Туре, за тоа дека бил навредуван на расна основа од дел од навивачите на рускиот клуб ЦСКА, за време на натпреварот во Москва во рамките на третото коло од Лигата на шампионите.

ЦСКА ги демантира тврдењата на Јаја Туре дека имало расистичко скандирање. Претставник на овој московски клуб изјави дека е „изненаден и разочаран“ од обвинувањата на фудбалерот од Брегот на Слонивата Коска во дресот на „Манчестер Сити“.

Московскиот клуб, сепак, ќе мора да се појави на сослушувањето што на 30 октомври ќе го одржи УЕФА за овој случај. Доколку биде прогласен за виновен, ЦСКА мора да го игра следниот меч од Лигата на шампионите пред празен стадион.

Во дресот на рускиот клуб игра фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска, Сејду Думбиа, кој тврди дека не слушнал расистичко навивање на домашните навивачи.

Извршниот директор на организацијата за борба против расизмот на фудбалските терени, Пиара Повор, меѓутоа, го поддржа Јаја Туре во неговата закана за бојкот на Светското првенство во Русија од страна на африканските фудбалери. Тој смета дека без репрезентациите од Африка и без африканските фудбалер, нема да има ниту Светско првенство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...