Јубилејот прославен со гол

Македонскиот интернационалец во редовите на Наполи, Горан Пандев со гол вчера вечер го прослави јубилејот 300 натпревари одиграни во Серија А на Олимпико стадионот во Рим против екс тимот Лацио.

Пандев во 50-та минута по втор пат на натпреварот му донесе предност на Наполи, откако претходно во 24-та Гонзало Игуаин го отвори резултатот, а Валон Берхрами со авто гол една минута подоцна израмни на 1-1.

По погодокот на Пандев кој беше вкупно 4-ти за Наполи оваа сезона, тој асистираше и на третиот на натпреварот кој пак беше дело на Гонзало Игуаин во 72-та минута. Белде Диао Кеита погоди за домаќините во 88-та минута, а конечните 2-4 за гостите од Неапол ги постави Хозе Марија Калехон при самиот крај на натпреварот.

На претпоследниот натпревар од 14-то коло во Серија А, Фиорентина со 4-3 во возбудлив натпревар со седум постигнати гола го совлада тимот на Хелас Верона.

Со победата над Лацио, Наполи се зацврсти на третата позиција на табелата со 31 бод, шест помалку од лидерот Јувентус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...