Битката на средината на теренот ќе го реши финалето

Еуфоријата во Атлетико Мадрид по освојување на титулата во Шпанија пополека стивнува, а стручниот штаб и фудбалерите се концентрираат на претстојниот натпревар против Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите в сабота. Тренерот Диего Симеоне вели дека шансите се изедначени и дека тоа ќе биде интересна битка за трофејот.

„Шансите се ни се 50%. Реал располага со подобри фудбалери од нас. Тие имаат желба да ја освојат 10-тата титула, но и ние веруваме дека ќе се искачиме на врвот. Пресуден за крајниот резултат може да биде начинот на кој ќе се развиваат нештата на средината на теренот“, коментира Аргентинецот.

„Моите фудбалери немаат потреба од мотивација. Тие се мотивираат штом ќе го облечат дресот на Атлетико. Во фудбалот е неопходно внатрешно да си мотивиран зашто ако не си тогаш тешко се постигнуваат резултати. Треба да бидеме спокојни и да продолжиме да работиме напорно како што правевме досега“, изјави Симеоне, кој не ја губи надежта дека може да смета на напаѓачот Диего Коста, кој е повреден.

АНЧЕЛОТИ: ЕКИПИТЕ ДОБРО СЕ ПОЗНАВААТ

Изјава околу финалниот меч од ЛШ даде и тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти, кој атакува на третиот трофеј од елитното европско натпреварување. Тој воедно е седмиот тренер на Реал Мадрид што стигнал до финалето на ЛШ.

„Одигравме многу натпревари и добро се познаваме и затоа натпреварот ќе биде многу интересен. Не чувствувам притисок, но среќен сум што повторно ќе бидам дел од финалето. Атлетико е солидна екипа чии играчи се вистински работници на теренот. Треба многу добро да се претставиме, како и да добиеме помош од навивачите за да победиме“, изјави Анчелоти, кој ќе може да смета на најдобриот играч Роналдо.

На него се надоврза и одбранбениот играч Серхио Рамос, кој му ја препушта фаворитската улога на противникот.

„Атлетико е фаворит. Тие се шпански шампиони, а финалето за нив е уникатна шанса. Тие ќе одат на победа. Да бидеме реални, второпласираната екипа никогаш не останува запомнета. Затоа двете одат со сета сила по титулата“, вели Рамос.

„Пројде многу време од последното освојување на трофејот и имаме одлична шанса повторно да го освоиме. Се надевам дека ќа го одиграм натпреварот на животот, а тоа го сакаат и моите соиграчи. Сите сакаат да дадат максимум“, вели Рамос.

РЕАЛ ИМА 30 ГОЛА ВО 12 ФИНАЛИЊА

Реал Мадрид атакува на 10 титула во 13 финале во најелитното европски клупско натпреварување. На претходните 12 „кралевите“ постигнаа 30 голови, а најмногу во финалето во сезоната 1959/60 кога го победија Ајтрахт со 7:3. Единствено на финалето во Париз во 1981 година против Ливерпул не постигнаа погодок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...