НА СТАДИОНОТ „ЛУЖ“ ВО ЛИСАБОН СЕ ИГРА ФИНАЛЕТО ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ, ВО КОЕ ПРВПАТ СЕ СРЕЌАВААТ ДВЕ ЕКИПИ ОД ИСТ ГРАД

Реал и Атлетико по шампионска светлина

* Ова е петто финале на екипи од иста земја, но прво на два тима од ист град

* Тимовите од Мадрид вечерва атакуваат на втор трофеј сезонава, бидејќи имаат по еден од натпреварувањата во Шпанија

Вечерва Лисабон ќе биде во боите на Мадрид, а на теренот на стадионот „Луж“ светлината ќе ја видат само фудбалерите на еден од тимовите. Реал и Атлетико ќе се втурнат во битката за големиот трофеј, кој е круна за една убава сезона во која екипите имаат речиси 12-месечна битка. Иако оние главните тргнуваат од септември, сепак, првите натпревари почнуваат уште на стартот од летото.

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид сезонава прикажаа најмногу и заслужено успеаја да дојдат до финалниот дуел. Оттаму денеска се очекува голема битка, во која нијанси ќе пресудат за тоа кој ќе го освои трофејот во Лигата на шампионите. Во сезона во која Реал го освои шпанскиот Куп, а Атлетико победи во Лигата е навистина тешко да се прогнозира кој има поголеми шанси. Вечерва нема предност за никого. Шансите се 50:50, а откако ќе тргне играта од центарот процентите може да се менуваат. Пред мечот е јасно дека и Атлетико и Реал се со еднакви шанси.

АНЧЕЛОТИ ИМА ИСТОРИСКА ШАНСА

Искусниот стратег на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, знае како да го освои пехарот во Лигата на шампионите. Веќе има многу игри во финалните средби, па затоа на овој меч ќе има можност да ја подобри својата статистика. Воедно може да си го запише своето име во историјата на Реал како тренерот кој успеал да ја донесе толку посакуваната десетта круна во ЛШ и КЕШ.

„Нема да го блокираме противникот и ќе мораме својот квалитет да го насочиме кон нашиот стил на игра. Имаме алтернатива за Чаби Алонсо и размислувам за тројца фудбалери. Немам одлучено кој ќе го замени и тоа ќе го одлучам во последен момент. Ова ми е веќе седмо финале во Лигата на шампионите. Имам искуство кое ќе треба да го пренесам на играчите и верувам дека тие ќе го дадат најдоброто на теренот“, вели Анчелоти.

СИМЕОНЕ ПО КРУНАТА ШТО НЕДОСТИГА

Од друга страна, Диего Симеоне има уште поголем предизвик. После победите во Лигата на Европа, Купот на Шпанија и Примера да дојде и до пехарот во Лигата на шампионите, со што ќе стане еден од ретките стратези на кои им успеало да стигнат до ваков успех. Предизвикот е голем, но во исто време и мотивот. Фудбалерите играат максимално ангажирано и се жртвуваат за секоја топка, па сега останува тоа да го спроведат и во финалето.

„Најважно е да ги скриеме нашите слабости на теренот. Се надевам дека ќе успееме да покажеме добра игра и нема да ги демонстрираме нашите проблеми во играта. Сите знаат што е потребно на теренот. Сезонава играме неверојатно и тоа што се случува е плод на работата во последните три години. Во Лигата на Европа пред две години успеавме да се претставиме во блескаво издание. Сега одново ја имаме истата амбиција. Подготвени сме за секоја формација на противникот. Без разлика дали Реал ќе игра со двајца или со тројца играчи во нападот ние ќе имаме противигра. Свесни сме дека нема да биде лесно бидејќи калибарот на играчи со кои располага Реал Мадрид му овозможува на Анчелоти да комбинира. Сепак, мотивот е нашето силно оружје кое ќе се обидеме да го искористиме“, изјавува Симеоне пред средбата.

РАМОС МУ ДАВА ПРЕДНОСТ НА РИВАЛОТ

Еден од клучните одбранбени фудбалери на Реал Мадрид, Серхио Рамос пред овој дуел му дава предност на Атлетико, но тоа сигурно нема да биде така на теренот.

„Ова финале е наплата за сите години на саможртвување на сите фудбалери на Реал Мадрид. Вложивме големи напори во последните неколку сезони и на крајот конечно успеавме да дојдеме до големиот момент. Не чувствуваме притисок, но во исто време сме внимателни. Имаме мотиви и знаеме дека можеме да ја освоиме Лигата на шампионите и воедно да им ја овозможиме големата радост на нашите навивачи. Овој меч сигурно нема да биде многу поразличен од оние кои ги игравме во првенството и во Купот. И ние и Атлетико ќе се трудиме да го прикажеме најдоброто за да дојдеме до победата. Според мене Атлетико има мала предност и е фаворит на овој дуел бидејќи сезонава тимот игра одлично и веќе успеа да ја освои титулата во Примера“, вели Рамос.

ХУАНФРАН Е ПОДГОТВЕН ЗА БИТКА

На ова има одговор од одбранбениот фудбалер на Атлетико, Хуанфран, кој добро знае дека доколку сакаат победа мораат да бидат на далеку повисоко ниво од претходните средби.

„Во Купот на Шпанија не изненадија со тоа што ги ставија Ди Марија, Модриќ и Чаби Алонсо во средниот ред. Тројцата доминираа во тој дел од теренот и едноставно го добија мечот. Меѓутоа на средбите во првенството беше сосема поинаку. Знаеме дека Анчелоти бара алтернативи и дека денеска ќе има некоја сосема поинаква тактика, но ќе мораме и ние да имаме нешто ново доколку сакаме успех. Што се однесува до изјавата на Рамос можам само да кажам дека тој се обидува да не измами. На овој меч нема фаворит. Шансите се еднакви“, коментира, десниот бек на тимот, Хуанфран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...