Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо вчера вечер на Олд Трафорд беше тренер на репрезентацијата на Остатокот од светот во хуманитарен натпревар против репрезентацијата на Англија.
Но, вчера Мурињо се обиде и како играч кога за момент влезе во теренот и се обиде го фаулира пејачот и текстописец Оли Мурс од противничкиот тим.
Мурс потегот на Мурињо го прифати со насмевка на лицето, но „Специјалниот“ беше тој кој славеше по завршување на натпреварот. Хуманитарниот натпревар Soccer Aid 2014 заврши 4-2 тимот на Остатокот од светот.
Кларенс Сидорф со три гола придонесе за триумфот над Англија, а четвртиот гол го постигна Ники Бурн, англискиот пејач и презентер.
Погледнете.