Се фаќа залет за Кина

Македонската фудбалска репрезентација денеска се собира за претстојниот пријателски двомеч против Кина на 18 јуни во Шенгјанг и четири дена потоа во Јинан. Селекторот Бошко Ѓуровски повика 22 фудбалера меѓу кои само тројца што настапуваат во странство. На пат кон Далечниот Исток, најверојатно, ќе ги поведе сите со оглед дека до вчера, според портпаролот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) немаше најави за откажувања.

Собирот е закажан за денеска, во хотелот „Скала“ каде репрезентативците ќе отседнат до 15 јуни. До заминување до крајното одредиште во Кина, преку Истанбул и Пекинг, ќе реализираат осум тренинзи во македонскиот главен град. Првиот ден ќе работат еднократно по што ќе следува удвојување на дневната доза. Подготовките ќе се одржат на комплексот терени на Куќата на фудбалот.

Победа, реми и пораз во 2014 година

Во оваа календарска година националниот тим одигра три контролни средби во кои селекторот почувстува и вкус на победа, реми, и горчина на пораз. Триумфот го имаше против Летонија (2:1) во дебито на репрезентативното кормило, потоа Македонија загуби во Куфштајн, Австрија, од Камерун, учесник на претстојниот мундијал во Бразил, со 0:2 и ремизира против Катар (0:0) во Риети, Италија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...