Сопругата не му дозволила на Мурињо да биде селектор

Мундијалот во Бразил ќе помине без најпопуларниот и најконтроверзен тренер во денешниот фудбал, Жозе Мурињо. Португалскиот стратег ќе го нема во Бразил не затоа што имаше неуспех туку затоа што досега никогаш не бил селектор на некоја репрезентација. Мурињо открива дека има можност да води една репрезентација, но тоа не го сторил и тоа по сугестија на неговата сопруга.

Португалецот изјави дека пред неколку години можел да биде предводник на некогашниот светски првак Англија, но решил да не ја прифати оваа понуда и тоа по сугестија на неговата жена. Во изминативе 10-тина години Мурињо се промовираше во еден од најдобрите светски тренери. Почна на клупата на Порто, а потоа успешно работеше во Челзи, Интер и Реал, за сега повторно да се врати на „Стемфорд Бриџ“ во лондонскиот тим.

ГО ПОСЛУШАЛ СОВЕТОТ И НЕ ЗГРЕШИЛ

„Жена ми сугерираше дека не треба да ја профатам селекторската функција во Англија и сосема беше во право. Тоа беше голема одлука која ја донесовме заеднички уште пред седум години. Едноставно не можам да чекам две години за големо натпреварување, а до тогаш да играм со репрезентации како Казакстан и Сан Марино“, рече Мурињо.

Португалецот вели дека сака неговата работа да му биде подинамична и да може секоја недела да има обврски. „Што да правам наредната недела? Би можел да одам на тренинг на некој од репрезентативците и да ги следам како работат. Би патувал од место на место, но нема да имам натпревари. Жена ми ми рече дека јас без фудбал и акција не можам да функционирам и тоа е сосема во право. Затоа и откажав да бидам селектор на Англија“, открива Мурињо.

Англија се надеваше дека со Мурињо конечно повторно ќе се израдува на големо натпреварување. „Гордиот албион“ во својата историја има трофеј од Мундијалот во 1966 година кога беа домаќини, додека никогаш не биле најдобри на европско првенство. Англичаните веруваат дека токму во Бразил би можеле го повторат најголемиот успех во нивната историја, остварен пред 48 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...