Стрелците мора да се разбудат во Кина

И покрај тоа што во составот во националниот тим за натпреварите со Камерун и со Катар имаше дури седум играчи во нападот, не успеавме во текот на сите 180 минути да постигнеме погодок. Особено што имавме шанси и на двата меча барем да дадеме гол. Еден од оние кои не реализираа и на едниот и на другиот натпревар е Баже Илијоски, кој сега се надева дека ќе успее репрезентацијата да постигне гол(ови) и дека ќе се извлечат добри резултати. „Овој пат се надевам дека ќе успееме да постигнеме гол или уште подобро голови. Со Камерун и со Катар не успеавме, а сега е време да реализираме“, истакнува Баже Илијоски, кој знае што нè очекува. „Играв во Јапонија и во Јужна Кореја, и го познавам нивниот менталитет. Тие играат натпревари кои бараат многу трчање. Ќе бидат рамноправни дуели и мислам дека детали ќе одлучуваат за победникот“, смета Илијоски.

ИЛИЈОСКИ ЌЕ БИДЕ КАПИТЕНОТ?

Со оглед дека е најискусен од овие играчи во нашиот национален тим, сосема е логично Баже Илијоски да биде капитен на репрезентацијата. Со Камерун и со Катар се сменија многу капитени. Прво беше Грнчаров, па потоа Ибраими па Трајковски и на крај Јаховиќ. „Не знам. Такво нешто никој ми нема кажано. Ако бидам, тоа ќе биде голема чест за мене. Меѓутоа, засега не сме зборувале“, ни изјави Илијоски.

ШАНСА ДА СЕ ИЗБОРИ МЕСТО ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ

Со оглед дека овие два натпревари се како „филтер“ за место во селекцијата за престојниот квалификациски циклус, Илијоски очекува сите да го дадат максимумот. „И самиот селектор потенцираше дека ова е шансата да се избори место. Ни кажа дека е задоволен од поедини играчи на дуелите со Камерун и со Катар, и дека овие два меча исто така ќе бидат како еден вид проба на кои фудбалери ќе може да се смета во квалификациите. Затоа очекувам сите да го дадат максимумот и сите да се борат за место во селекцијата“, дополни Илијоски.

ПОТЕГ ЗА ПОЗДРАВУВАЊЕ НА СЕЛЕКТОРОТ

Можеби ретко кој селектор прави селекција составена од домашни играчи и игра пријателски натпревари. Или просто кажано не ги отпишува фудбалерите од македонското првенство, како што беше случај со некои поранешни селектори кои сметаа дека домашниот фудбал нема квалитет и потенцијал. „Ова е потег за поздравување. Дава мотив на играчите од домашното првенство да го даваат максимумот како на мечевите од шампионатот, така и во Европа. За да изборат место во репрезентацијата, односно да се најдат во окото на селекторот. Во секој случај добро е што Ѓуровски прави вакви натпревари, и тоа мора да се почитува“, дополни голгетерот на нашиот национален тим. Репрезентацијата вчера одработи два тренинга, а денеска во 12:30 во просториите на ФФМ ќе има и прес конференција на која селекторот Ѓуровски ќе соопшти очекувања и детали околу оваа кинеска турнеја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...