Може да решава и паричката

Најтрофејната репрезентација во историјата на Светските првенства и домаќин на актуелниот планетарен собир, репрезентацијата на Бразил во дуелот со Камерун ќе брка пласман во нокаут фазата. За разлика од Бразилците, африканската селекција нема никакви шанси за прогрес. Во вториот меч од оваа група за влез во осминафиналето ќе се борат Мексико и Хрватска.

Математички на Бразил му е доволно и реми против Камерун за да оди понатаму. Со реми ќе се радува и Мексико против Хрватска. За „коцкестите“ единствена опција е победата. Теоријата вели дека на крајот во оваа група може да решава и паричката за тоа кој ќе оди понатаму. За да се случи тоа потребно е Камерун да слави со 2:0 против Бразил, а Хрватска со 3:2 да го победи Мексико. Во тој случај Бразил и Мексико ќе имаат сосема идентична гол-разлика и реми во меѓусебниот дуел, па може да решава и фрлањето на паричка.

ЈУБИЛЕЕН 100. МЕЧ ЗА БРАЗИЛ

Еден од најголемите фаворити за трофејот, Бразил досега не покажа игра која ветува шампионски амбиции, па затоа во последните 90 минути треба да го визираат местото во следната рунда. „Кариоките“ се огромни фаворити, но тоа треба да го докажат и на теренот на стадионот „Национал“ во главниот град Бразилија.

По бледата игра без голови против Мексико беа упатени критики за играта посебно кон Нејмар кој треба да биде лидер на тимот. Селекторот Луис Фелипе Сколари застана во одбрана на играчите и најави подобра игра.

„Нејмар не може сам да го добие или да го загуби мечот. Тој е дел од групата. Неговиот потенцијал е поголем од другите, но, сепак, ова не е индивидуална игра. Мислам дека од меч во меч ќе играме се подобро и ќе стигнеме далеку“, вели Сколари.

За Бразил ова ќе биде јубилеен 100. настап на планетарните собири. Петкратниот првак досега има 68 победи, 16 нерешени и само 15 порази, што ја прави убедливо најуспешна нација. Само Германија има повеќе меча одиграно од „кариоките“. „Пенцерите“ имаат 101 настап досега.

КАМЕРУНЦИТЕ ЌЕ ИГРААТ ЗА ЧЕСТА

Камерунци уште пред Мундијалот покажаа дека не се подготвени за овој настап. Тие дури и задоцнија поради штрајкот на играчите кои беа незадоволни поради неисплатените премии. На двата меча што го одиграа досега не покажаа игра достојна за на Мундијалот, но селекторот Волке Финке се надева дека токму против Бразил ќе го поправат впечатокот.

„Сакаме во друго светло да се покажеме токму против Бразил. Верувам дека некој од играчите нема да направи бесмислен потег како на дуелот со Хрватска и на крајот мечот ќе го завршиме со 11 играчи“, рече Финке.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...