Португалија се спаси од пораз

Со голот на Силвестре Варела постигнат во последните секунди од судиското надополнување Португалија освои бод на дуелот со САД, но остана само со теоретски шанси за пласман во осминафиналето на Светското првенство. Нерешените 2:2 повеќе им одговараат на Американците кои со реми во последното коло одат понатаму.

Португалија ноќеска во Манаус поведе уште во 5.минута преку Нани. Пресвртот го најави Џермеин Џонс во 64.минута кога изедначи на 1:1, за Клинт Демпси во 81.минута да донесе водство на САД. Варела на 30 секунди пред крајот на петминутното надополнување искористи еден центаршут од Кристијано Роналдо и ја спаси Португалија од пораз.

Во Г групата водат Германија и САД со по четири бодови и со реми во меѓусебниот натпревар во последното коло двете репрезентации си обезбедуваат пласман во следната фаза.

За Португалија да оди во осминафиналето е потребна висока победа против Гана во 3.коло, како и убедлива победа на Германија против САД. Во слична ситуација е и Гана која заедно со Португалија имаат по еден бод.

Синоќа се комплетира 2.коло и во Х групата. Алжир со победата над Јужна Кореја од 4:2 значително си ги зголеми шансите за осминафинале.

Табела група Х: Белгија 6 бодови, Алжир 3, Русија 1, Јужна Кореја 1.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...