Германија и САД ќе се радуваат со реми

Репрезентацијата на Германија ќе се обиде да ја одбрани честа на европските фудбалски гиганти и да се пласира во нокаут фазата на Мундијалот во Бразил. Во решавачкото трето коло од групната фаза „панцерите“ играат против САД. Во вториот дуел од оваа група играат Португалија и Гана, кои имаат свои калкулации и надежи дека може да ја поминат групата.

„ПАНЦЕРИТЕ“ САМО ЕДНАШ НЕ ЈА ПОМИНАЛЕ ГРУПАТА

Германија и САД се во подобра позиција бидејќи моментно се на првите две позиции во групата. Доколку вечерва одиграат без победник, односно освојат по еден бод, двете ќе продолжат во нокаут фазата. Овие две репрезентации досега одиграле девет мечеви и нема ниту еден нерешен резултат. Германија победила шест пати, а на три меча се радувале Американците.

Низ историјата Германија само еднаш не успеала да ја помине првата фаза од натпреварувањето. Тоа се случило во далечната 1938 година. Трикратните светски прваци воопшто не ни помислуваат дека може да загубат од САД, кои на клупата го имаат германскиот стратег Јирген Клинсман.

ГАНА СЕ ЗАКАНИ СО БОЈКОТ

Португалија и Гана од „сенка“ ќе го чекаат конечниот резултат од другиот меч во групата со што би имале шанси да бидат на едно од првите две места во групата. Фудбалерите на Гана се заканија дека може да го бојкотираат овој меч доколку не ги добијат ветените премии за пласман на Мундијалот. На играчите ветени им се три милиони долари. Тоа значи дека секој играч треба да добие по 75.000 долари, а премијата може да биде зголемена на 100.000 долари по човек како компензација за доцнењето. Парите од Гана биле пратени со авион да стигнат во Бразил, како би можело дуелот со сигурност да се одигра. Парите биле обезбедени по интервенцијата на претседателот на Гана, Џон Драман махаме.

„Парите се веќе на пат за Бразил. Претседателот лично разговараше со претставници на играчите на кои им беа ветени дополнителни три милиони долари“, потврди заменик министерот за спорт, Џозеф Јамин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...