ДОМАЌИНОТ ЈА ОТВОРА НОКАУТ ФАЗАТА НА МУНДИЈАЛОТ

„Кариоките“ се баук за Чиле


Првиот фаворит за освојување на светската фудбалска круна и домаќин на Мундијалот, репрезентацијата на Бразил во дуел со Чиле, ја отвора нокаут фазата на планетарниот собир. Фактот дека игра пред своите навивачи, но и тоа дека е дури петкратен освојувач на тронот го прави Бразил да биде во предност на овој меч против Чиле. Сепак, фаворитската улога „кариоките“ треба да ја докажат на терен.

Овие две селекции многу добро се познаваат бидејќи се соседни држави и досега одиграле вкупно 68 мечеви во сите натпреварувања. Бразил е многу поубедлив бидејќи победил на 48 средби, 13 меча завршиле нерешено, а само седум пати се радувале Чилеанците. И вкупната гол разлика е многу на страната на „кариоките“, кои дале дури 159 погодоци, а примиле само 58.

СКОЛАРИ: ВЕЌЕ НЕМАМЕ ПРАВО НА ГРЕШКА

Бразилскиот селектор Фелипе Сколари вели дека уште пред шест месеци кога беше извлекувањето на групите, потенцирал дека Чиле може да биде многу опасен противник, иако беше во група со Холандија и Шпанија.

„Кога пред шест месеци зборував за квалитетите на Чиле луѓето ми се смееја. Но, јас уште тогаш го знаев нивниот квалитет, кој го покажаа на досегашниот дел од турнирот. Ја знаеме нивната игра. Ние веќе немаме право на грешка. Во групата можевме да си дозволиме кикс, но тоа веќе не смее да се случи. Имаме компактен тим и верувам во нашите можности “, рече Сколари.

ЧИЛЕ ПОСЛЕДЕН ПАТ ПОБЕДИЛ ВО 2000 ГОДИНА

Чиле речиси има заборавено кога последен пат се радувал на триумф над големиот ривал. Последен пат со кренати глави по дуел со „кариоките“ Чилеанците си заминале во 2000 година. Тогаш во квалификациите за СП 2002 победија со 2:1. Од тој меч па до денеска овие селекции имаат одиграно вкупно 12 мечеви, а „кариоките“ се радувале 10 пати, додека два дуела завршиле реми.

И покрај тоа што историјата и традицијата не е на нивна страна, голманот на Чиле, Клаудио Браво, верува во успех. „Нема да размислуваме за мечевите кои биле во минатото. Многу луѓе велат дека немаме што да загубиме, но во нашата земја знаат дека имаме историска шанса да го елиминираме домаќинот на Мундијалот. Голем е ривалитетот меѓу нашите две селекции. Од нас зависи“, вели Браво, кој е еден од најдобрите во составот.

ДОМАЌИНОТ МОЖЕ ДА НАПАЃА СО ВИСОКИ ТОПКИ

Предноста на Бразил ќе биде и во висината. Највисокиот дефанзивец на Чиле е франциско Силва, кој е висок 178 сантиметри. Бразилскиот напаѓач Фред има 186 см, а во тимот на домаќините се и дефанзивците Давид Луиз со 189 см и Тијаго Силва со 182 см. „Чиле го има една од најдобрите екипи во последните неколку години. Многу се брзи и технички одлично подготвени. Имаат големо искуство на меѓународна сцена. Тие се пониски и токму тоа може да биде наша предност која би требало да ја искористиме“, вели напаѓачот Фред.

Бразил од 1994 година секогаш стигнува барем до четвртфиналето. Во првата нокаут фаза последен пат беше елиминиран во 1990 година од Аргентина. Чиле само во 1962 година има победено во меч од нокаутфазата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...