ВИДЕО: Бразил по продолженија до четвртфинале

Репрезентацијата на Бразил го доби првиот денешен јужноамерикански двобој на Светското фудбалско првенство, откако беше поуспешна од Чиле со 3:2 дури по изведување пенали.

Интересен, динамичен и со многу шанси натпревар одиграа двете репрезентации кои покажаа дека заслужено се најдоа во осминафиналето, но само за една од нив имаше место меѓу осумте најдобри.

Бразил прв поведе во 18.минута со голот на Давид Луиз. Само 14 минути подоцна Чилеанците преку Алексис Санчез изедначија и на паузата се отиде со нерешен резултат.

Темпото не падна ниту во второто полувреме. Чилеанските репрезентативците не потклекнаа на притисокот од домаќинот кој се обиде во последните 20-ина минута да постигне втор гол и натпреварот отиде во продолженија.



Во дополнителните 30 минути се играше нешто попретпазливо,а најголемото возбудување се случи во 120.минута кога напаѓачот на Чиле Пинила ја погоди пречката на голот на Жулио Цезар. Среќата на Чилеанците не им беше наклонета, исто како и при последниот пенал кога топката од дирекот се одби во поле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...