Титаните во битка за место на „Маракана“

Единствените две репрезентации што имаат одиграно преку 100 натпревари на Светските првенства, во меѓусебен дуел ќе се борат за влез во големото финале на јубилејното 20. издание. Бразил на свој терен игра против Германија, во дуел на репрезентации, кои вкупно „тежат“ дури осум светски титули. Домаќинот на овој Мундијал е рекордер со пет круни, додека европскиот тим трипати бил на тронот. Бразил сака да го потврди приматот на најуспешна селекција на планетарните собири, додека „панцерите“ се во обид да стават крај на 24-годишниот пост без трофеј на Мундијалите.

Уште пред почетокот на турнирот овие две селекции се спомнуваа како едни од најголемите фаворити за место во финалето. Ждрепката и костурот на турнирот сакаше тие да се сретнат во меѓусебен дуел во полуфиналето и само еден тим да игра во големото финале, кое в недела се игра на „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Германија и Бразил заедно имаат вкупно 24 полуфиналиња на СП.

„КАРИОКИТЕ“ ДА ПОКАЖАТ ДЕКА МОЖАТ И БЕЗ НЕЈМАР И БЕЗ СИЛВА

Целата јавност во најфудбалската земја во светот, очекува да има славје по вечерашниот меч. Бразил сонува за трофеј на домашен терен, а за исполнување на оваа цел ги делат уште две победи. Првиот голем чекор што треба да го направат е да ја елиминираат Германија.

Кога игра пред своите навивачи Бразил секогаш е фаворит, без разлика кој е противникот. Сепак, селекторот Луиз Фелипе Сколари е во тешка ситуација што се однесува до составот. Вечерва тие ќе бидат без својот најдобар фудбалер Нејмар (повреден) и капитенот Тијаго Силва (суспендиран). На местото на Нејмар треба да игра Вилијан. Како за несреќа и Вилијан го повреди грбот, но ветува дека ќе биде подготвен да го даде максимумот и да го замени Нејмар колку што може подобро.

„Нејмар има високи стандарди во играта. Тој самиот може да го реши натпреварот, па затоа играњето без него ќе биде тешко за нас. Сепак знаеме каков квалитет поседуваме и затоа уште веруваме дека можеме да стигнеме до светската титула“, рече Вилијан.

Ако Вилијан треба да го менува Нејмар, на местото на капитенот Силва во централниот дефанзивен ред ќе биде Данте. Тој е играч на Баерн Минхен и многу добро ја познава нивната игра, а сега за противници ќе има многу од своите клупски соиграчи.

ДУРИ 41 МЕЧ СЕ БЕЗ ПОРАЗ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН

Бразил е речиси непобедлив кога игра пред своите навивачи. Дури и кога игра слабо, ретко кој противник си заминал радосен. Последен пат тоа ѝ успеало на селекцијата на Парагвај во 2002 година. Тоа значи дека цели 12 години, „кариоките“ не биле поразени. Во тој период тимот на свој терен одигра 41 натпревар на кој не загубил.

ЛАМ Е МОЗОКОТ НА ГЕРМАНИЈА

Германија е најконстантниот тим во последниве неколку години. „Панцерите“ по четврти пат во низа ќе играат во полуфинале во едно големо натпреварување. „Од меч на меч тимот игра се подобро“, вели селекторот, Лев, кој откако пред осум години застана на чело на селекцијата, секогаш стигнува барем до завршницата на големо натпреварување, но досега ниту еднаш не го одвел тимот до трофејот.

Капитенот на Германија, Филип Лам е човекот околу кого се врти целата игра на тимот. Можеби не изгледа така, но играчот кој по природа е десен бек, во репрезентацијата често е „алката“ што ги поврзува одбраната и нападот. Речиси нема напад топката да помине преку неговите нозе. Тоа го покажува и податокот дека токму Лам е играчот со најмногу прецизни додавања на турнирот. Досега тој има реализирано 408 додавања со успешност од 86,6 отсто.

ГЕРМАНЦИТЕ ЖАЛАТ ШТО НЕЈМАР НЕМА ДА ИГРА

Германија нема проблеми за составот и би требало во најсилен тим да се спротистави на домаќинот. Европејците знаат дека Бразил ќе биде хендикепиран, а според нив тоа е лошо за фудбалот воопшто.

„Сите сме тажни бидејќи Нејмар нема да игра. Секогаш е подобро кога противникот го има својот најдобар играч на теренот. Тој е неверојатен играч од светска класа. На СП секогаш сакаш да ги победиш најдобрите и тоа со нивните најдобри играчи на терен. Тоа што Нејмар нема да игра е лошо за фудбалот“, вели играчот за врска, Бастјан Швајнштајгер, кој ќе го игра 107 меч во репрезентативниот дрес.

ДОМАЌИНОТ Е ПОУСПЕШЕН

Бразил и Германија досега одиграле вкупно 21 меч, но само еден е на СП. Јужноамериканците се поуспешни со 12 победи, пет натпревари завршиле нерешено, а Германија има само четири триумфи. Вкупната гол разлика е 39-24 во корист на „кариоките“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...