Барса добива 238,000 евра за повредата на Нејмар

Светската фудбалска куќа ФИФА ќе и исплати на Барселона обештетување за повредата на Нејмар во висина од околу 238,000 евра. Бразилскиот вондеркид се повреди на четвртфиналниот меч против Колумбија и не можеше да му помогне на Бразил на дуелот против Германија во полуфиналето. Како што е познато Нејмар има пукнатина на третиот грбен пршлен, а според лекарот на репрезентацијата Хозе Луис Рунко играчот ќе паузира околу 45 дена. За време на рехабилитациониот процес Нејмар ќе пие таблети за болки, ќе носи специјален појас и ќе треба многу да одмара.

Согласно правилникот на ФИФА во случај на повреда на играч за време на меч за репрезентацијата обештетувањето почнува да му се исплаќа на клубот по 28. ден од повредата на играчот.

Официјалниот договор на Нејмар со Барселона е со годишна плата од 5,1 милиони евра. Според тоа ФИФА ќе и плаќа на Барселона по 13,972 евра на ден почнувајќи од 2. август во следните 17 дена колку што се претпоставува дека ќе трае рехабилитациониот процес. По завршувањето на настапите на Мундијалот Нејмар се враќа во Барселона но ќе ги прескокне претсезонските подготовки на екипата, а ќе се врати на терените пред почетокот на новата сезона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...