Дел Пјеро ќе игра уште една година

На Светското првенство во Бразил на репрезентацијата на Италија и недостигаше играч со чувство за гол, идеја за проигрување и фантазија за да се дојде до чекор пред противникот. До 2008 година оваа селекција тоа го имаше во само еден играч, Алесандро дел Пјеро, кој веќе ја заврши својата соработка со тимот на Сиднеј.

Кога во 2012 година стана јасно дека во Јувентус повеќе нема да сметаат на него бидејќи веќе наближуваше до 38 години се виде дека и италијанскиот фудбал полека почнува да губи. Дел Пјеро првпат реши да го напушти тимот во кој едноставно постигна сè во својата кариера.

БАРА ТИМ ЗА КРАЈ НА КАРИЕРА

Сега кога има уште три месеци до својот 40. роденден сè повеќе станува јасно дека тој може да биде големо засилување за екипата која што ќе реши да го ангажира.

Пред извесно време неколку медиуми објавија дека неговите денови до крајот на кариерата се избројани и дека најверојатно Сиднеј ќе биде последниот клуб за кој има играно. Сепак, очигледно е дека некој сака предвреме да го пензионира, па пристига демант околу оваа вест.

„Дефинитивно не мислам да се пензионирам и сакам да играм уште. Во моментов размислувам каде да ја продолжам кариерата и каде и да ја завршам. Сакам да го изберам најдоброто за мене. Сосема добро ми е јасно дека нема како да ја покажам формата што ја демонстрирав во 90-тите години од минатиот век. Сепак, фудбалот и понатаму е мојата страст и работа која што најдобро знам да ја работам. Сè уште се наоѓам во добра состојба и планирам да одиграм уште барем една година. Веќе донесов одлука и решен сум да ја испочитувам. Сезоната 2014/2015 ќе биде последна во мојата кариера“, вели популарниот Пинтуричио.

РЕКОРДЕР НА ЈУВЕ

Дел Пјеро и понатаму важи за рекордер во редовите на Јувентус. Тој има одиграно најголем број на натпревари и постигнато најмногу погодоци во дресот на „Старата дама“. Тоја е само уште еден одличен показател за неговите квалитети и за она што тој го правеше во минатото со тимот на Јуве.

Затоа ќе има голема чест в недела да одигра натпревар во кој ќе играат неговиот омилен тим Јувентус и состав во кој ќе се најдат играчи од шампионатот на Австралија.

МНОГУ ТРОФЕИ ВО ЦРНО-БЕЛИОТ ДРЕС

Додека настапуваше за Јувентус успеа да освои голем број трофеи. Зад себе има осум титули во Серија „А“. Еднаш успеа да победи во Купот на Италија, а еден трофеј има и во Лигата на шампионите. Беше дел од тимот на Јувентус кој во сезоната 2006/2007 играше во Серија „Б“ каде што без проблеми го освои првото место.

Покрај ова има и четири трофеи во Супер купот на Италија, а по еден во Супер купот на УЕФА и во Интерконтиненталниот куп.

Со Италија во 2006 година стана светски првак.

КАРИЕРА

1991-1993 ПАДОВА 14 (1)

1993-2012 ЈУВЕНТУС 513 (208)

2012-2014 СИДНЕЈ 48 (24)

1995-2008 РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА 91 (27)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...