Турчин го раскажа инцидентот во кој остана без два прсти на левата рака

Иако веќе поминаа неколку денови по најголемото фудбалско дерби во државата, Пелистер – Вардар, реакциите по настанот во кој еден навивач скоро ја изгуби дланката не стивнуваат.

Откако МВР и Комитите изминатите денови објавија неколку соопштенија и видео материјали, спортскиот портал Спортмедиа направи интервју со навивачот на Вардар, Горан Николовски или попознат како „Турчин“, кој се потсети се на кобната 90-та минута од неделното вечно дерби против Пелистер во Битола, кога од експлозија на полициска шок-бомба остана без два прсти на левата рака.

- Сакав да ја фрлам бомбата кон празниот дел на трибината, од која веќе нѐ потисна полицијата, зашто мислев дека е солзавец! Ни на крај памет не ми беше дека е бомба. Само што ја подигнав од земја, таа експлодираше и не само што ми ја разнесе раката, туку и направи изгореници на целото мое тело и на сите момци што беа околу, вели Турчин на спортскиот портал и додава „Вчера овде во болница ме посетија неколку пријатели меѓу кои и играчот на Вардар, Влатко Гроздановски, на кого му порачав – јас ја дадов раката, сега чекам тие да ми ја донесат титулата“, вели Николовски, кој сѐ уште се опоравува во Клиниката за пластична хирургија во Скопје.

Горан сѐ уште е во шок и не му е пријатно да зборува за ужасните моменти, кои, како што вели, сѐ уште му предизвикуваат кошмари.

- Кога ќе ги затворам очите ми се враќаат слики и тешко ми е да заспијам. Знам дека излегле разно-разни видеа и дека се пишуваат триста глупости, но само јас ја знам вистината. Искрено, не знам како првично стигна до мене бомбата, но сигурен сум дека не ја одземав од некој полицаец. Точно е дека мавтав со неа бидејќи сакав да ја фрлам, но во тие моменти таа воопшто не беше активирана. Потоа, во хаосот ми ја бутнаа од рака и ја изгубив од вид. Кој ја активирал во меѓувреме, како се активирала, воопшто не знам. Само забележав дека еден полицаец ја шутна кон нас. Мислејќи дека е солзавец, ја подигнав и се случи тоа што се случи. Не дај боже да му се повтори на некој друг“, неволно раскажува Николовски бришејќи ја потта од своето чело.

Целото интервју можете да го погледнете тука.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...